← Joshua (20/24) → |
1. | И му рече Господ на Исуса, велејки: |
2. | "Кажи им на синовите Израилеви: одредете си ги градовите прибежишта, за кое ви говорев преку Мојсеја, |
3. | за да може да избега таму убиец, кој убил човек по грешка, без умисла; нека ви бидат тие градови прибежиште за да не умре убиецот од одмаздникот за дрв додека не застане пред народен суд. |
4. | И кој ке избега во еден од тие градови, нека застане пред портите од градот и гласно нека го раскажи делото свое на градските старешини; тие да го примат кај себе во градот и да му дадат место, за да живее при нив; |
5. | и кога одмаздникот за крв ке го подгони, тие не треба да го предадат убиецот во рацете негови, зашто тој убил ближен свој без умисла и немал спрема него омраза ни вчера ни завчера. |
6. | И нека се всели во тој град, додека не излезе на суд пред народот, додека не умре големиот свештеник, што ке биде во тие денови. А потоа убиецот нека се врати и нека си оди во градот свој и во домот свој, од каде што избегал." |
7. | И го одредија Кедес во Галилеја, во Нефталимовата гора, Сихем во Ефремовата гора, и градот Арво, инаку Хеврон, во гората Јудина; |
8. | од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон на исток, го одредија: Восор во пустињата, во рамнината, од Рувимовото племе, Рамот во Галад, од Гадовото племе, и Голан во Васан, од Манасиевото племе. |
9. | Тие градови беа одредени за сите Израилеви синови и за придојдените, кои живеат ме у нив, за да избега таму секој, кој по грешка убил човек, за да не умре од раката на одмаздникот за крв, пред да излезе на суд пред народот. |
← Joshua (20/24) → |