← Joshua (2/24) → |
1. | Исус, синот Навинов, испрати тајно од Ситим двајца млади лу е и им рече: "Отидете, разгледајте ја замјата и градот Јерихон!" И двете момчиња отидоа и влегоа во Јерихон во куката на една блудница, по име Раав, и останаа да нокеваат таму. |
2. | Тогаш му јавија на Јерихонскиот цар: "Ете, некои лу е од синовите Израилеви дојдоа тука нокеска, за да ја разгледаат земјата." |
3. | Јерихонскиот цар испрати да и кажат на Раав: "Изведи ги лу ето, што влегоа во твојот дом, бидејки дошле да ја разгледаат целата земја." |
4. | Не жената ги зеде оние двајца лу е, ги сокри и рече: "Дојдоа, навистина, кај мене лу е, но јас не знам од каде беа тие; |
5. | кога, пак, на стемнување требаше да се затворат портите, тие излегоа; не знам каде отидоа; трнете веднаш по нив, ке ги стигнете." |
6. | А самата ги одведе на покривот и ги сокри во нечешлан лен, распростран кај неа на таванот нејзин. |
7. | Испратените тргнаа потоа по патот кон Јордан до самиот брод, а портите се затворија веднаш кога тргна потера по нив. |
8. | Пред да легнат да спијат, Раав се качи кај нив на покривот |
9. | и им рече: "Знам, дека Господ ви ја дал вам оваа земја, бидејки ужас не опфати од вас, и сите жители на оваа земја се исплашија од вас; |
10. | зашто чувме, дека Господ Бог ја исуши пред вас водата во Црвеното Море кога сте доа але од Египет, и како сте постапиле со двајца аморејски цареви од онаа страна на Јордан, Сион и Ог, кои сте ги погубиле. |
11. | Кога го чувме тоа, срцето ни се стегна и во никого од нас не остана дух против вас; зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на небото и на земјата долу; |
12. | И така, заколнете ми се во Господа, вашиот Бог, дека, како што јас ви покажав милост, така и вие ке бидете милостиви кон домот на мојот татко, и дајте ми верен знак: |
13. | оставете ги живи во домот на татко ми и мајка ми, браката мои и сестрите мои, и сите што се во него, и спасете ги душите наши од смрт." |
14. | Тие лу е и рекоа: "Душата наша ке ја предадеме на смрт, само сега да не не предадеш." А таа рече: "Кога Господ ви го предаде овој град, бидете спрема мене милостиви и верни." |
15. | И таа ги спушти по јаже низ прозорецот, бидејки куката и беше на карпа и таа живееше на карпата; |
16. | и им рече: "Одете сега во планината, за да не ве сретнат гонителите, и кријте се таму три дена, додека да се врати потерата што тргна по вас, а потоа одете си по вашиот пат." |
17. | А лу ето и рекоа: "Ние ке бидеме ослободени од клетвата твоја, со која не заколна ако не постапиш вака: |
18. | ете, кога ке дојдеме во овој градски крај, ова црвено јаже обеси го на прозорецот, низ кој не спушти, и прибери ги во куката кај себе таткото твој, мајката твоја и браката твои и целиот татков дом; |
19. | и ако некој излезе надвор од вратата на твојата кука, самиот нека си биде виновен, а ние ке бидеме ослободени од оваа твоја клетва; а за сите што ке бидат со тебе во куката твоја, крвта нивна нека биде врз главите наши, ако некоја рака се допре до нив; |
20. | ако, пак, некој не навреди или ги открие овие наши зборови, ние исто така ке бидеме ослободени од твојата клетва, со која не заколна." |
21. | Таа одговори: "Нека биде според зборовите ваши!" И ги пушти, и тие си отидоа, а таа го врза за прозорецот црвеното јаже. |
22. | Тие тргнаа и отидоа во планината и останаа таму три дена, додека се врати потерата. Гонителите ги бараа по целиот пат и не ги најдоа. |
23. | И се вратија обајцата млади лу е, слегоа од планината, го минаа Јордан и отидоа кај Исуса, синот Навинов и му кажаа се што им беше станало. |
24. | И му рекоа на Исуса: "Господ, нашиот Бог, ја предаде целата таа земја во наши раце, и сите жители на таа земја се уплашени од нас." |
← Joshua (2/24) → |