← Joshua (18/24) → |
1. | И целото општество на Израилевите синови се собраа во Силом, ја поставија таму скинијата на сведоштвото, бидејки земјата беше покорена од нив. |
2. | А од синовите Израилеви останаа уште седум племиња, кои не беа добиле свое наследство. |
3. | И им рече Исус на синовите Израилеви: "До кога ке се колебате, и не отидете да ја земете земјата, што ви ја дава Господ, Бог на татковците ваши? |
4. | Изберете си ме у себе по три човека од секое племе и јас ке ги пратам, и тие ке станат, ке ја обиколат земјата и ке ја опишат, според тоа како ке треба да им се раздели на делови, и ке дојдат кај мене. |
5. | И нека ја разделат на седум делови: Јуда нека го задржи пределот свој од Лив, а синовите Јосифови да останат во пределите свои на север. |
6. | А вие разделете ја земјата на седум делови и донесете ми го предлогот овде; Јас ке ви фрлам жреб пред Господа, нашиот Бог. |
7. | А за левитите нема дел ме у вас, бидејки свештенството Господово е нивни дел; Гад, пак, и Рувим и полуплемето Манасиево добија наследство од онаа страна на Јордан, на исток, што им го даде Мојсеј, слугата Господов." |
8. | Тие лу е станаа и отидоа. А на лу ето, кои отидоа за да ја опишат земјата, Исус им даде заповед: "Одете, обиколете ја земјата, обележете ја и вратете се кај мене; јас, пак, овде ке ви фрлам жреб пред Господа, во Силом." |
9. | Тие лу е отидоа, ја обиколија земјата, ја разгледаа и ја обележија, според градовите нејзини, на седум делови, па дојдоа кај Исуса во логорот, во Силом. |
10. | Исус им фрли жреб во Силом пред Господа, и ја раздели таму Исус земјата ме у синовите Израилеви, според тоа како што се делеја. |
11. | И се фрли жреб прво за племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни. Според жребот границата им минува ме у синовите Јудини и ме у синовите Јосифови; |
12. | границата нивна на север почнува од Јордан, мунува зад Јерихон од север, се искачува по планината кон морето и завршува кај Мавдарит Вет-Авен; |
13. | оттаму границата оди кон Луз, на југ од Луз, инаку Ветил, и границата слегува кон Атарот-Адар, кон гората, што е на југ од долни Веторон; |
14. | потоа границата свртува и се спушта кон морската страна од Лив, од гората, што е на југ пред Веторон и завршува кај Киријат-Вал, инаку Киријат-Јарим, град на Јудините синови. Тоа е западната страна. |
15. | А делот, што оди од Киријат-Вал кон Лив, излегува кај морето, во Гај, и стигнува до водните извори на Нафтоновите; |
16. | потоа границата слегува кон крајот на гората што е пред долината на Еномовиот син, а во долината, која е дел од Емек Рафајски, слегува кон Ген, оди на Јевус до југ и излегува кај изворот Рогил; |
17. | потоа свртува од север, мунува кон изворот Самес, оди кон Галилот, кој е спроти ридот Адумим, и слегува кон каменот на Рувимовиот син Ван; |
18. | потоа минува позади Ветерава од север и слегува кон Арава; |
19. | оттука границата се спушта од Арава и минува зад Ветагла на север и завршува кај ридот на Соленото Море, во јужниот крај на Јордан. Тоа е јужната граница. Од исток, пак, за граница служи Јордан. |
20. | Тоа е наследството на Венијаминовите синови, со околните граници негови според родовите нивни. |
21. | На племето на Венијаминовите синови, според родовите нивни, им припаднаа овие градови: Јериохн, Витагла, Амеккасис, |
22. | Ветерава, Семрим и Ветил, |
23. | Авим, Афара, Афра и Екарен, |
24. | Кафирамин, Афни и Гавла: дванесет градови со селата нивни; |
25. | Гаваон, Рама и Вирот, |
26. | Масфа, Хефира и Амоса, |
27. | Рекем, Јефаил и Тарала, |
28. | Силалер и Јевус, инаку Ерусалим, и Гават и градот Јарим: четиринаесет градови со селата нивни. Тоа е делот на Венијаминовите синови, според родовите нивни. |
← Joshua (18/24) → |