← Joshua (17/24) → |
1. | Еве го наследството на племето Манасиево, кој беше Јосифов првороден син. На Манасиевиот првороден син Махир, татко на Галад, кој беше храбар во борба, му се падна Галад и Васан. |
2. | Добија наследство и другите Манасиеви синови, според родовите нивни; и синовите Ахизерови, и синовите Елекови, и синовите Есрилови, и синовите Сехемови, и синовите Семираелови, и синовите Оферови. Тоа се синовите Манасиесви, синот на Јосифа, според родовите нивни. |
3. | Салпад, пак, синот на Офер, кој беше син на Галад, а овој - син на Мехир, Манасиев син, немаше синови, туку само керки. Еве ги имињата на керките негови: Мала, Нуа, Егла, Мелха и Терса. |
4. | Тие дојдоа кај свештеникот Елеазар и кај Исуса, синот Навинов, и кај кнезовите, и рекоа: "Бог му беше заповедал на Мојсеја да ни даде дел ме у нашите брака." И им се даде наследство, па заповед на Господа, ме у браката на таткото нивни. |
5. | И Манасија го доби во наследство полето Лавеково, освен земјата Галадска и Васанска од онаа страна на Јордан; |
6. | зашто керките на синовите Манасиеви добија делови ме у синовите негови, а Галадската земја им се падна на другите Манасиеви синови. |
7. | Границата на синовите Мансиеви оди до Асир-Махтот и Данат, кој е спроти Сихем; оттука границата излегува на Јамин и на Јасиф, кај изворот Тафтот. |
8. | Земјата Тафтот му се падна на Манасија, а пределот на Манасеивиот Тафтот - на Ефремовите синови. |
9. | Оттука границата слегува кон долината на Кана, на југ по долината Јарим. Градот Теревит му припа а на Ефрема, иако е ме у градовите на Манасија. Манасиевата граница е на север од потокот и завршува кај морето. |
10. | Она што е на југ, тоа е Ефремово, а она што е на север, тоа е Манасиево; а морето им е нивна граница; со Асир се граничи откај север, а со Исихар откај исток. |
11. | На Манасија му припаднаа ме у Исахар и Асир, Ветсан со селата негови, Јевлам и селата негови, жителите на Дор и потчинетите му села, жителите на Ендор и потчитените му села, жителите на Магед и потчинетите му села, и жителите во Танах, и селата негови, и трет дел од Нафет и селата негови. |
12. | Манасиевите синови не можеа да ги изгонат жителите на тие градови и Хананејците останаа да живеат во таа земја. |
13. | Кога, пак, Израилевите синови се зацврстија, ги направија Хананејците свои поданици, но - не ги изгонија. |
14. | Јосифовите синови му се противставија на Исуса и рекоа: "Зошто ни даде за наследство еден жреб и едно јаже, кога сме ние многубројни, бидејки така не благословувал Господ досега?" |
15. | Исус им одговори: "Ако сте многубројни, одете во гората и таму, во земјата на Ферезејците и Ратајците, расчистете си место, штом гората Ефремова ви е тесна." |
16. | Јосифовите синови рекоа: "Гората Ефремова не ни е доволна; а сите Хананејци, што живеат во долината, имаа железни коли, како оние, што се во земјата Вет-Сан и во селата нивни, така и оние, што се во Језраелската долина." |
17. | Но Исус му рече на Јосифовиот дом, на Ефрема и на Манасија: "Кога си многуброен и имаш голема сила, нема да останеш само со еден жреб; |
18. | и гората нека биде твоја, и неа ти ке ја расчистиш, и таа ке биде твоја до самиот крај; бидејки ти ке ги изгониш Хананејците, иако тие имаа железни коли, иако се силни, ти ке ги присилиш." |
← Joshua (17/24) → |