← Joshua (16/24) → |
1. | Потоа жребот падна на Јосифовите синови: од Јордан кај Јерихон, кон Јерихон на исток, во планинската пустиња, која се протега од Јерихон кон Ветил; |
2. | од Ветил границата оди кон Луз и мунува кон пределот Архијатарот, |
3. | се спушта кон морето, кон границата Јефалтимска дури до пределот Ветарон долни, па и до Газер и излегува кај морето. |
4. | Тоа го добија како дел Јосифовите синови Ефрем и Манасија. |
5. | Границата на Ефремовите синови според родовите нивни беше оваа: откај исток границата на нивното наследство беше Атарот и Адар до горни Веторон; |
6. | потоа границата оди кон морето на север до Махтот, свртува на исток кон Тинат-Силом и минува источно од Јанох; |
7. | а од Јанох, откако слегува кон Атарот и Нарат, допира до Јерихон, и селата нивни и излегува на Јерихон; |
8. | од Тапфу границата оди кон морето, кај потокот Кана, и завршува кај морето. Тоа е делот на племето на синовите Ефремови, според родовите нивни. |
9. | Имаше одделни градови за Ефремовите синови и во наследство на Манасеивите синови, - и сите тие градови беа со селата нивни. |
10. | Но Ефремовите синови не ги изгонија Хананејците, кои живееја во Газер; затоа Ханенејците живеат ме у Ефремовците до денес, и им плакаат данок. Најпосле дојде египетскот цар - Фараон, го презеде градот и со оган го изгори, а Хананејците и Ферзејците и жителите на Газер беа убиени, а Фараонот го даде пленот на керката своја. |
← Joshua (16/24) → |