← Joshua (15/24) → |
1. | Племето на Јудините синови, според родовите нивни, го доби овој предел: граница до Идумеја им беше пустињата Син кон Лив и дури до Кадис на југ. |
2. | Нивната јужна граница беше дел од Соленото Море, што се простира на југ; |
3. | на југ таа оди кон Акравим на возвишението, го обиколува Син, влегува од југ кон Кадис-Варни, излегува на Есрон и се протега до Адар, оди на запад од Кадис и свртува кон Акрак, |
4. | потоа излегува на Асемон, оди кон Египетската долина, така што крајот на таа граница е морето. Тоа е нивната јужна граница. |
5. | Границата на исток и целото Солено море, до крајот на Јордан; а границата на север почнува од Соленото Море до крајот на Јордан; |
6. | оттука границата оди кон Витагла, мунува на север кон Ветара и оди угоре до каменот на Рувимовиот син Веор; |
7. | потоа границата се спушта кон Давир од долината Ахор на север свртува кон Галгал, кој е спроти возвишението Адамин на југ од потокот; потоа границата преминува кон источните води и завршува кај Рогил; |
8. | оттука границата оди угоре кон долината на Еномовите синови, на југ од Јевус, кој е Ерусалим; и границата оди по врвот на гората, што е на запад спроти Еномовата долина кон морето до крајот на Рефаимската долина на север; |
9. | од врвот на гората границата свртува кон изворот на водите Нефтоах и оди преку гората Ефрон; и границата свтува кон Ваал, а тоа е градот Јарим; |
10. | потоа границата свртува од Ваал кон морето и оди кон планината Сир и излегува на север зад градот Јарим, кој и Хаслон, слегува кон градот на сонцето и мине на југ; |
11. | оттука границата оди на север позади Акарон; границата свртува кон Сакхарон, мунува преку гората на Ваалови стигнува до Јавнил; и границата завршува кај морето. Западната граница е Големото Море. |
12. | Тоа се околните граници на Јудините синови според нивните родови. |
13. | А на Јефоновиот син Халев Исус му даде еден дел ме у Јудините синови, како што му беше заповедал Господ на Исуса; а му го даде Исус и градот Киријат-Арва, односно таткото Енаков; тоа е градот Хеврон. |
14. | Јефоновиот син Хелав ги истера оттаму трите Енакови синови: Суси, Толмај и Ахим. |
15. | Оттаму Халев тргна против Давираните; порано Давир се нарекуваше Киргејат-Сефер. |
16. | И рече Халев: "Кој ке го порази Давир и го презеде, ке му ја дадам керката моја Асхан за жена." |
17. | И го презеде Готонил, син на Кенезеецот, братот на Халев, и тој му ја даде керка си Асхан за жена. |
18. | Кога требаше таа да замине, ја посоветува да побара од таткото свој земја, и таа слезе од ослето. Халев ја запраша: "Што сакаш?" |
19. | Таа одговори: "Благослови ме; ми даде јужна земја, дај ми ги и Голат-Маим." И тој и ги даде Голат-Маим, горните и долните извори. |
20. | Ете тоа е наследството на племето на Јудините синови, според родовите нивни. |
21. | А ова се градовите на Јудините синови, во пределите соседни на Идумеја, на југ: Кавсен, Едраим и Јагур; |
22. | Кина, Димона, Адада, |
23. | Кадес, Асор, и Итнасит, |
24. | Телем, Зиф и Валот, |
25. | Асор новиот, и градот Асером, инаку Асор, |
26. | Ама, Сама и Модада, |
27. | Асергада и Вефталет, |
28. | Асарсула и Вирсавија со селата нивни и предградијата нивни. |
29. | Вал, Авим и Асем, |
30. | Елтолад, Хесил и Ерма, |
31. | Сикелек, Ведевина и Сансана, |
32. | Лавот, Селеим, Аин и Ремон; сите градови се дваесет и девет со селата нивни. |
33. | Во рамнината: Естаол, Сара, Асна и Рамен |
34. | Зано, Ингоним, Тафуа и Инаим, |
35. | Јеримут, Одолам и Немра, Сохо и Азика, |
36. | Сагарим, Адијатаим, Гадира со селата нејзини; четириесет градови со селата нивни. |
37. | Сенам, Адаса, Магдалгад, |
38. | Далан, Масфа, и Јектаил, |
39. | Лахис, Васхат и Еглом, |
40. | Хавон, Ламас и Хатлос, |
41. | Гадирот, Вит-Дагон, Нома и Макид; шеснаесет градови со селата нивни. |
42. | Левна, Атер и Асан, |
43. | Јефта, Асен и Несит, |
44. | Кејла, Ахзев и Мариса и Едом: девет градови со селата нивни. |
45. | Акарон и селата негови, и предградијата негови, |
46. | и од Акарон, Јемна и се што е до Аздот со селата нивни. |
47. | Азот, селата негови и предградијата негови, Газа, со селата нејзини и предградијата нејзини, до самиот Египетски поток и до Големото Море, кое што е граница; |
48. | и на возвишенијата: Сафир, Јефер и Сохо, |
49. | и Рена, град убав, а тоа е Давир, |
50. | Анов, Естемо и Аним, |
51. | Госом, Хилуон и Гилом, единаесет градови со селата нивни. |
52. | Ерев, Есан и Рума, |
53. | Јанум, Вет-Тафуе и Афак, |
54. | Хамата и градот Арво, а тоа е Хеврон, и Сиор - градови девет и селата нивни. |
55. | Маон, Хермел, Зиф и Јета, |
56. | Јездраел, Јекдам и Зано, |
57. | Аким, Гава и Тамна - градови десет со селата нивни. |
58. | Алул, Ветсур и Гедор, |
59. | Марот, Ветанон и Еледекен - шест градови со селата нивни; Теко, Ефрата, односно Витлеем Фагор, Етам, Кулон, Татами, Сорис, Карем, Галим, Ветир и Манохо: единаесет градови со селата нивни. |
60. | Каријат-Вал, а тоа е градот Јарим, и Арева: два града со селата и предградијата нивни; |
61. | Вадаргис и Витарава, Мадон и Сахоха, |
62. | Невсан, градот на сол, и Ингад - шест градови и селата нивни. |
63. | Но Јудините синови не можеа да ги изгонат Јевусејците, жителите на Ерусалим, и затоа Јевусејците живеат со синовите на Јуда во Ерусалим до денес. |
← Joshua (15/24) → |