← Joshua (14/24) → |
1. | Еве што наследија синовите Израилеви во Хананската земја, што им раздели свештеникот Елеазар и Исус Навинов, и кнезовите на татковските племиња на синовите Изралиеви; |
2. | на деветте племиња и на полуплемето Манасиево, разделба извршија со жреб, како што беше заповедал Господ преку Мојсеја, |
3. | зашто на двете племиња и на племето Манасиево Мојсеј им даде наследство од онаа страна на Јордан; а на левитите не им даде дел ме у нив, |
4. | бидејки од Јосифовите синови произлегоа две племиња: Манасиевото и Ефремовото; поради тоа не им се даде на Левитите дел од земјата, туку само градови за живеење и предградија за добитокот нивни и за други нивни потреби. |
5. | Како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, така и направија синовите Израилеви, кога ја разделуваа земјата. |
6. | Јудините синови дојдоа во Галгал кај Исуса. И му рече Кенезеецот Халев, синот Јефониев: "Ти знаеш, што му говореше Господ на Мојсеја, човекот Божји, за мене и за тебе во Кадис-Варни. |
7. | Јас бев на четириесет години, кога Мојсеј, слугата Господов, ме прати од Кадис-Варни да ја разгледам земјата и му донесов одговор, она што ми беше на срцето; |
8. | браката мои, кои одеа со мене, го обесхрабрија срцето на народот, но јас точно го следев Господа, мојот Бог; |
9. | и се заколна Мојсеј во оној ден, велејки: ‘земјата, по која одеше, ке биде наследство за тебе и за децата твои за навек, бидејки ти одеше точно по Господа, мојот Бог.‘ |
10. | И така, ете, Господ ме запази жив, како што говореше; четириесет и пет години веке изминаа, откога Господ му ги беше кажал тие зборови на Мојсеја, и Израилот одеше по пустиња; сега, еве, јас сум на осумдесет и пет години; |
11. | но и сега сум толку цврст, како и тогаш, кога ме прати Мојсеј: колку што имав сила тогаш, толку имам и сега, да влегувам, да излегувам и да војувам. |
12. | Затоа, дај ми ја таа гора, за која говореше Господ во оној ден; бидејки ти чу во тој ден, дека таму живеат Енаковите синови, и тие имаат градови големи и утврдени; можеби, Господ ке биде со мене, и јас ке ги истерам, како што ми рече Господ." |
13. | Исус го благослови и му го даде во наследство Хеврон на Јефоновиот син Халев, Кенезеецот. |
14. | Затоа Хеврон остана и до денес во наследство на Јефониовиот син Халев, Кенезеецот, бидејки постојано се покоруваше на заповедите од Господа, Израилевиот Бог. |
15. | Името на Хеврон порано беше Аргов, како што се викаше еден крупен човек ме у синовите Енакови. Така земјата се смири од војна. |
← Joshua (14/24) → |