← Joshua (13/24) → |
1. | Кога Исус остаре и беше во напредна возраст, Господ му рече: "Ти остаре и веке си во напреднати години, а останува уште многу да се завладее. |
2. | Остануваа уште овие земји: сите филистимски предели, Гесур и Ханан, |
3. | ненаселениот ханански крај од Египет дури до границите на Акарон на север, им припа а на пет филистимски области: Газа, Азот, Аскалонит, Гет Акаронит и Евеја. |
4. | Од Теман, пак, целата Хананска земја спрема Газа и Сидон, до Афек, дури до аморејските граници. |
5. | исто така целата земја Гавла филистимска и целиот Ливан од исток, од Галгал, што е под планината Ермон, до влезот во Емат. |
6. | Сите планински жители од Ливан до Масерфот - Маим, сите сидонци Јас ке ги изгонам пред синовите Израилеви. Па раздели му ја со жреб на Израилот, како што ти заповедав; |
7. | раздели ја оваа земја сега како дел од наследството на деветте племиња и на племето Манасиево - од Јордан дури до Големото Море на запад; ним дај им ја: Големото Море нека биде граница. |
8. | А племето Рувимово и Гадово, со другото полуплеме Манасиево, го добија својот дел од Мојсеја од онаа страна на Јордан, на исток, како што им беше дал Мојсеј, слугата Господов, |
9. | од Ариор, кој е до устието на потокот Арнон, и градот, кој е среде долината, и целиот Мисор од Медаван; |
10. | исто така сите градови на аморејскиот цар Сион, кој царуваше во Есевон дури до пределите на амонитските синови, |
11. | како и Галад и Гесурската и Мехадската област, и целата планина Аермон и целиот Васан до Елхи, |
12. | целото царство Огово во Васан, кој царуваше во Астарот и во Едраин. Тој сам остана од исполините, кого Мојсеј го порази и уби. |
13. | Но Израилевите синови не ги изгонија жителите на Гесур и Махад и Ханан, и Ресурците и Махатците жевеат ме у Израилот и до ден денешен. |
14. | Само на Левиевото племе не му даде наследство; Господ, Израилевиот Бог, е негово наследство, како што му беше рекол Господ; а ова се деловите, што им ги определи Мојсеј на синовите Израилеви според племињата нивни во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон: |
15. | на племето на Рувимовите синови според родовите нивни Мојсеј им даде дел: |
16. | нивните предели беа од Ариор, што е спрема долината Арнонска, и градот, што е во долината Арнонска, |
17. | и сета земја Мисорска дури до Есевон и Девор и Вамот Вал, |
18. | И Јаса, и Кадимот, и Мифат, и |
19. | Кариатем, и Севам и Сард, |
20. | и Сиор на планината Енак, и Бетфагор, и Асидот - Фасга, и Витсимут; |
21. | сите градови Мисорски и целото царство на аморејсиот цар Сион, кој царуваше во Есевон, и кого го уби Мојсеј, како и мадијамските старешини Евија, и Роком, и Сур, Ур и Ровек, сиорски кнезови, што живееја во таа земја; |
22. | исто така и врачот Валаам, Веоровиот син, го убија со меч Израилевите синови во борбата. |
23. | Предел на Рувимовите синови беше Јордан. Тоа беше делот на Рувимовите синови според племињата нивни, - градовите и селата нивни. |
24. | Мојсеј им даде наследство и на Гадовите синови, според племињата нивни: |
25. | нивни предели беа Јазир и сите галадски градови и половината од земјата на Амоновите синови до Ароир, што е пред Рават; |
26. | и земјите од Есевон до Рамот кај Масфе и Вотаним и Манаим до Дивировите предели, |
27. | а и во Емек Витарам, и Витнамра, и Сахот Сафон, остаток од царството на есевонскиот цар Сион; неговата граница беше Јордан до Хенеретското Море од онаа страна на Јордан, кон исток. |
28. | Тоа е наследството на Гадовите синови според племињата нивни, - градовите нивни и селата нивни. |
29. | Мојсеј му даде дел и на полуплемето Манасиево, според родовите нивни; |
30. | нивни предели беа: од Манаим, и целот царство Васанско, и целото царство на васанскиот цар Ог и сите села Јаирови во Васан - шеесет градови; |
31. | а половината од Галад, и во Астарот и во Едраин, градови царски на Ог Васански, тие им беа дадени на синовите од Махира, Манасиев син, и половина на Махировите синови, според родовите нивни. |
32. | Тоа е наследство што им го даде Мојсеј во Аравот Моавски од онаа страна на Јордан, спроти Јерихон, кон исток. |
33. | А на Левиевото племе Мојсеј не ме даде дел: Самиот Господ, Бог Израилев, е нивни дел, како што им беше рекол Он. |
← Joshua (13/24) → |