← Joshua (12/24) → |
1. | Еве ги царевите на оние земји, кои синовите Израилеви ги убија и чија земја ја наследија од онаа страна на Јордан, од источната страна, од Арнонската долина дури до планината Ермон, и целата рамнина на исток; |
2. | Сион, аморејскиот цар, кој живееше во Есевон и владееше од Ариор, што е кај бреговите на потокот Арнон, кон средината на потокот, и половината Галад, до потокот Јавок, предели на синовите амонитски; |
3. | И Арав дури до Хенеретското Море на исток, и дури до морето Аравско, Соленото Море, на исток по патот за Витсимот, и од Теман кое е под гората Фазга; |
4. | и Ог, васанскиот цар, последниот од исполините кој живееше во Астарот и во Едраин, |
5. | и владееше од планината Ермон и Селха, и со целиот Васан, до Гесурската и Махатската граница, и со половината на Галад, до пределите на есевоскиот цар Сион. |
6. | Мојсеј, слугата Господов, и синовите Израилеви ги убија; и ја даде Мојсеј, слугата Господов, во наследство на племето Рувимово и Гадово и на полуплемето Манасиево. |
7. | А ова се царевите аморејски, кои ги прази Исус и синовите Израилеви од онаа страна на Јордан на запад, крај морето Валгад во Ливанската долина до планината Алок, која се протега кон Сеир, и чија земја Исус им ја даде во наследство на племињата Израилеви со жреб; |
8. | по планината, по низините, и во Арав, и во Асидот, и во пустињата, и во Нагев, каде што живеат Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците; |
9. | царот јерихонски и царот на Гај, што е близу до Ветил, |
10. | царот ерусалимски, царот хевронски, |
11. | царот јеримутски, царот лахиски, |
12. | царот еглонски, царот газерски, |
13. | царот давирски, царот гадерски, |
14. | царот ерматски, царот адерски, |
15. | царот левиски, царот одоламски, |
16. | царот макидски, царот ветилски, |
17. | царот апфуски, царот оферски, |
18. | царот афекски, царот хесаромски, |
19. | царот самвронски, царот фувски, |
20. | царот маронски, царот ахсадски, |
21. | царот танахски, царот магдедонски, |
22. | царот кедески, царот јаконски, - Хермел |
23. | царот адорски при Нафедор, царот гоимски во Галгал, |
24. | и царот терски. Вкупно триесет и еден цар. |
← Joshua (12/24) → |