← Joshua (11/24) → |
1. | Кога го чу тоа асорскиот цар Јавин, прати лу е кај мадонскиот цар Јовав и кај семерскиот цар, и кај ахавскиот цар, |
2. | и кај царевите, што живееја на планината, и во Арав спрема Хенерет, и во рамнината и во Нафадор |
3. | и кај приморските Хананејци, што живееја на исток, и кај приморските Аморејци, и кај Хетејците, и кај Ферезејците и Јевусејците, кои живееја во планината, и кај Евејците, што се под Аермон, во земјата Масиф. |
4. | И излегоа сите тие цареви, а со нив и многу лу е, толку многу колку песокта во приморјето, со коњи и многу коли. |
5. | И слегоа сите тие цареви, па се соединија и се сместија кај водата Марон, за да војуваа против Израилот. |
6. | но Господ му рече на Исуса: "Не се плаши од нив, зашто утре, во ова време, ке им ги предадам нив сите на синовите Изралеви, за да ги убијат; а на коњите да им ги пресечат жилите и колите со оган да ги изгорат." |
7. | Исус и со него сите способни за војна излегоа нанадејно против нив кај Меронската вода и ги нападнаа во планините. |
8. | И Господ ги предаде во рацете Израилеви, и тие ги разбија и ги гонеа дури до големиот Сидон и до Масерфот - Маим и до полињата Масифски на исток, и ги убиваа се додека од нив не остана никој жив, или да избега. |
9. | И постапи Исус со нив така, како што му рече Господ: на коњите им ги пресече жилите, а колите им ги изгоре со оган. |
10. | Во исто време Исус, откако се врати, го презеде Асор и царот негов го уби со меч. Асор, пак, порано владееше над сите тие царства; |
11. | и погуби со меч се живо, што беше во него, и не остави во него ниедна жива душа. А Асор, тој го изгоре со оган. |
12. | И сите градови на тие цареви ги зазеде Исус, и царевите со меч ги уби, како што беше заповедал Мојсеј, слугата Господов. |
13. | Но, сите тие утврдени градови, Израилот не ги изгоре, освен само Асор, кој го запали Исус. |
14. | А сето богатство од тие градови и сиот добиток го запленија синовите Израилеви; сите лу е, пак, ги убија со меч, така што сите беа истребени; не оставија од нив ниту една жива душа. |
15. | Како што му беше заповедал Гопод на својот слуга Мојсеј, така Мојсеј му заповеда на Исуса, а Исус така и направи: не отстапи ниту од еден збор во се што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
16. | Така ја презеде Исус целата онаа планинска земја, и целата земја Нагев и целата земја Госом, како и рамнината на запад, и планината Израилева, и полињата покрај планината, |
17. | од планината Хелх, која се протега кон Сеир, и дури до Валгад, и полето Ливан, под планината Аермон, и сите цареви нивни ги фати и ги уби. |
18. | Долго време Исус војуваше со тие цареви. |
19. | И немаше ниеден град, кој Господ не му го предаде на Израилот, освен Гаваон во кој жевееја Евејците; сите тие со борба ги зазедоа; |
20. | зашто од Господа беше тоа, тие да го ожесточат срцето свое и да започнат борба против Израилот - за да бидат истребени и за нив да нема милост, туку да бидат погубени така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
21. | Во тоа време пристигна Исус и ги порази сите Енакијци на планината, во Хеврон, во Давир, во Анов, по целата планина Израилева, и по целата планина Јудина со градовите нивни и ги истреби Исус. |
22. | Од Енакијците на остана ниеден во земјата на синовите Израилеви; останаа само во Газа, во Гет и во Асидот. |
23. | Така ја презеде Исус целата земја, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја, и му ја предаде Исус во наследство на Израилот, откако ја раздели на племињата нивни. И земјата престана да војува. |
← Joshua (11/24) → |