← Joshua (10/24) → |
1. | Кога ерусалимскиот цар Адонивезек чу, дека Исус го презел Гај и го предал на клетва, и дека постапил со Гај и со царот негов така, како што постапил со Јерихон и царот негов, и дека Гаваонците склучиле мир со Исуса и со Израилот и со другите ме у нив, |
2. | тој многу се уплаши, бидејки Гаваон беше голем град, како еден од царските градови, и поголем од Гај, и сите жители негови беа храбри лу е. |
3. | Поради тоа ерусалимскиот цар Адонивезек испрати пратеници кај хевронскиот цар Елам, и кај Феран, царот јеримутски, и кај Афи, царот лахиски, и кај Давир, царот одоламски, да им кажат: |
4. | "Дојдете кај мене и помогнете ми да го сосипеме Гаваон, затоа што склучи мир со Исуса и синовите Израилеви." |
5. | Тие се собраа и отидоа петмина аморејски цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јеримутскиот цар, лахискиот цар, одоламскиот цар, тие и целиот нивни народ, и го опседнаа Гаваон и почнаа да војуваат против него. |
6. | Гаваонците испратија до Исуса во логорот Израилев во Галгал, да кажат: "Не ја тргнувај раката од твоите робови; дојди поскоро кај нас, избави не и помогни ни; зашто против нас се собрани сите аморејски цареви, што живеат во планините." |
7. | Исус тргна од Галгал, тој и со него сите способни за војна, и сите храбри мажи. |
8. | Тогаш Господ му рече на Исуса: "Не се бој од нив, зашто Јас ги предадов во рацете твои: никој од нив нема да устои пред лицето твое." |
9. | И ги нападна нив Исус ненадејно, бидејки целата нок беше одел од Галгал. |
10. | Господ ги доведе во забуна од Израилците, и тие им нанесоа голем пораз во Гаваон, ги гонеа по патот кон Веторон и ги поразуваа дури до Азик и до Макид. |
11. | А кога бегаа од Израилците по падините на Веторонската планина, Господ фрлаше врз нив од небото големи камења до самиот град Азик, и тие умираа: умрените од камењата беа повеке, отколку оние, што синовите Израилеви ги убија со меч во борбата. |
12. | Тогаш Исус Му рече на Господа во оној ден, во кој Господ Бог го предаде Амореј во рацете на Израилот - откако ги порази во Гаваон, и тие беа избиени од синовите Израилеви, - и рече пред Израилците: "Запри се, сонце, над Гаваон, и ти, месечино, над долината Елон!" |
13. | И сонцето застана, и месечината стоеше, додека Бог им се одмаздуваше на непријателите нивни. Нели е тоа запишано во книгите на Праведниот: ‘Сонцето застана на небото и не брзаше да зајде скоро цел ден?‘ |
14. | Таков ден немало ни пред ни по оној, во кој Господ така да послушал човечки глас. Зашто Господ војуваше за Израилот. |
15. | Потоа Исус и целиот Израил со него се вратија во логорот, во Галгал. |
16. | А оние петмина цареви избегаа и се сокрија во пештерата во Макид. |
17. | Кога му јавија на Исуса и му рекоа: "Ги најдовме петмината цареви, тие се кријат во пештерата во Макид", |
18. | Исус рече: "Навалете големи камења пред влезот на пештерата и поставете кај неа лу е да ги пазат; |
19. | а вие не се задржувајте тука, туку гонете ги непријателите ваши, истребувајте ги последните делови од војската нивна и не им дозволувајте да отидат по градовите нивни, бидејки Господ, вашиот Бог, ги предаде во рацете ваши." |
20. | Откако Исус и синовите Израилеви им нанесоа многу голем пораз, и другите од нив избегаа во утврдените градови, |
21. | целиот народ се врати мирно во логорот кај Исуса во Макид, и никој не отвори уста против синовите Израилеви. |
22. | Тогаш Исус рече: "Отворете го влезот на пештерата и доведете ги кај мене од пештерата петмината цареви!" |
23. | Така и направија: ги доведоа кај него од пештерата петмината цареви: ерусалимскиот цар, хевронскиот цар, јермутскиот цар, лахискиот цар и одоламскиот цар. |
24. | Кога ги изведоа овие цареви пред Исуса, Исус ги повика сите Израилци и им кажа на воените началници, што беа оделе со него: "Приближете се, стапнете со нозете свои врз вратовите на тие цареви!" |
25. | Исус им рече: "Не плашете се и не се ужасувајте, бидете цврсти и храбри; зашто така ке постапи Господ со сите ваши непријатели, со кои ке војувате." |
26. | Потоа Исус ги уби, и ги обеси на пет дрвја; и висеа на дрвјата до вечерта. |
27. | На зајдисонце Исус заповеда, и ги симнаа од дрвјата, ги фрлија во пештерата, во која се криеја, и на влезот на пештерата натрупаа големи камења, кои се и денес таму. |
28. | Во истиот ден го презедоа Макид и го поразија со меч него и царот негов, и се живо, што се нао аше во него: не оставија никој, кој да не беше погоден или да избегал; и со макидскиотт цар постапија така, како што постапија со јерихонскиот цар. |
29. | Потоа тргна Исус и сите Израилци со него од Макид за Левна и војуваше против Левна |
30. | И ја предаде Господ и неа во рацете на Израилот и ја презедоа неа и царот нејзин, и истреби Исус со меч се живо, што се нао аше во неа; не остави во неа никој, што не беше погоден или да избегал, а со царот постапи така, како што постапи со јерихонскиот цар. |
31. | Од Левна тргна Исус и сите Израилци со него за Лахис, се улогори пред него и почна да војува против него; |
32. | и го предаде Господ Лахис во рацете на Израилот, и тој го презеде во вториот ден, и го порази со меч него и се живо, што беше во него, и го истреби така, како што постапи со Левна. |
33. | Тогаш на помош на Лахис му дојде газерскиот цар Орам; но Исус го порази со меч и него и народот негов така, што не остави од народот никој што не беше погоден или да избегал. |
34. | И тргна Исус и сите Израилци со него од Лахис за Аглон, се улогори пред него и почна да војува против него; |
35. | го предаде Господ и него во рацете на Израилот и го презедоа во истиот ден и го поразија со меч, и со се живо, што се нао аше во него во тој ден, постапи така, како што постапи со Лахис. |
36. | Потоа појде Исус и сите Израилци со него од Аглон за Хеврон, го опседнаа, |
37. | го презеде и го порази со меч него и царот негов, сите градови негови и се живо, што се нао аше во него; не остави никој, што не беше убиен; како што постапи со Аглон, така го порази и него и се живо, што се нао аше во него. |
38. | Потоа се обрна Исус и целиот Израил со него кон Давир и го опседна; |
39. | го презедоа него, царот негов и сите села негови, и го поразија со меч, и ги истребија нив и се живо, што се нао аше во него: никого не остави жив; како што постапи со Хеврон и царот негов, со Левна и царот нејзин, така постапи и со Давир и царот негов. |
40. | И ја порази Исус целата планинска земја, и Нагев и рамницата и Асидот и сите цареви нивни; не остави никого да преживее, и се живо погуби, како што беше заповедал Господ, Бог Изриалев. |
41. | го порази Исус од Кадис - Варни дури до Газа и целата земја Госом дури до Гаваон; |
42. | и сите тие цареви и земјите нивни Исус ги презеде веднаш, бидејки Господ, Бог Израилев, му помагаше на Израилот. |
43. | Потоа Исус и сите Израилци со него се вратија во логорот, во Галгал. |
← Joshua (10/24) → |