← Jonah (4/4) |
1. | Поради тоа Јона многу се огорчи и вознегодува. |
2. | Па Му се помоли на Господа и рече: "О, Господи, зар не го велев тоа уште додека бев во земјата своја? Та затоа и побегнав во Тарсис, оти знаев дека Ти си Бог добар и милосрден, долготрпелив и многумилостив, па ке се сожалиш за бедата. |
3. | А сега, Господи, земи ја душата моја од мене, зашто подобро е да умрам отколку да живеам." |
4. | Господ пак му рече: "Зошто тоа толку многу те огорчи?" |
5. | Тогаш Јона излезе од градот, па седна од источната страна, и таму си направи сеница и се смести во неа под ладовина, за да види што ке стане со градот. |
6. | Господ Бог нареди сега да израсне растение над главата на Јона, за да има над главата сенка, и да го избави од огорчението негово. Јона многу му се зарадува на тоа растение. |
7. | И нареди Господ, вториот ден, кога зората се зазори, црви да ја подгризат тиквата, и таа се исуши. |
8. | А кога изгреа сонцето, испрати Бог врел источен ветар, и сонцето почна да ја вжештува главата на Јона, така што тој изнемоште толку што се помоли да умре, велејки: "Подобро е да умрам отколу да живеам." |
9. | А Бог му рече тогаш на Јона: "Па зар е добро тоа што се лутиш заради растението?" А тој одговори: "Многу сум лут, лут сум дури до смрт!" |
10. | Тогаш Господ рече: "Тебе ти е жал за едно растение, за кое ти не си се трудел, ниту си го одгледувал, и кое за една ноки израсна и се исуши, |
11. | а Мене да не Ми е жал за Ниневија, за овој голем град, во кој живеат повеке од сто и дваесет иљади души, кои не можат да ја разликуваат десната рака од левата, а и за многу добиток?" |
← Jonah (4/4) |