← Jonah (3/4) → |
1. | И повторно дојде словото Господово до Јона, велејки му: |
2. | "Стани и појди во градот Ниневија, големиот град и проповедај му го она што ке ти кажам." |
3. | Стана Јона и отиде во Ниневија по заповед на Господа; а Ниневија беше многу голем град: три дена одење. |
4. | И Јона почна да оди по градот, колку што можеше да се изоди за еден ден, и проповедаше, велејки: "Уште четириесет дена и Ниневија ке биде разурната!" |
5. | И поверуваа ниневијците во Бога, прогласија пост и се облекоа во вреки, мало и големо. |
6. | Таа проповед дојде и до царот на Ниневија, и тој стана од престолот свој, ја соблече царската облека, се облече во врекиште и седна во пепел, |
7. | па заповеда да се прогласи и да се каже во Ниневија од името на царот и од неговите големци - ни лу ето, ни добитокот, ни воловите, ниту овците да не јадат ништо и да не одат на пасење и да не пијат; |
8. | и лу ето и добитокот да бидат покриени со врекишта и силно да извикуваат кон Бога: секој да се откаже од својот лош пат и од насилството на рацете свои. |
9. | Кој знае - можеби Бог ке се смилостиви и ке го отфрли од нас свотој разгорен гнев, и така да не загинеме. |
10. | И ги виде Бог нивните дела, оти тие се одвратија од својот лош пат, па се сожали на злото, за кое беше рекол дека ке го нафрли врз нив, и не го нафрли. |
← Jonah (3/4) → |