← Jonah (2/4) → |
1. | И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во утробата на тој кит три дена и три ноки. |
2. | Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот, |
3. | па рече: "Кон Господа повикав во мојата невоља Он ме чу; извикав од утробата на пеколот - и Ти го чу гласот мој." |
4. | Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и вода ме опколуваше, и сите води Твои и бранови Твои минеа преку мене. |
5. | Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ке ја видам светињата Твоја. |
6. | Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска главата моја е обвиена. |
7. | Слегнав до основите на планините, земјата со резињата свои за навек ме затвори, но Ти, Господи, Боже мој, ке ја изведеш душата моја од пеколот. |
8. | Кога изнемогна душата моја, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој. |
9. | Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден, |
10. | но јас со похвален глас ке Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ке го исполнам. Во Господа е спасението!" |
11. | Тогаш му заповеда Господ на китот, и тој го исфрли Јона на суво. |
← Jonah (2/4) → |