Jonah (1/4) → |
1. | И би словото Господово до Јона, синот Аматиев: |
2. | "Стани и оди во Ниневија, град голем, и проповедај во него, зашто неговите лоши дела стигнаа до Мене." |
3. | А Јона стана за да избега во Тарсис од лицето Господово; слезе во Јопа, каде што најде кораб што плови за Тарсис, па откако ја плати возарината, влезе во него за да избега со него во Тарсис од лицето Господово. |
4. | Но Господ подигна силен ветар на морето, и настана голема бура, така што коработ за малку ке се разбиеше. |
5. | Морнарите се уплашија и повикаа секој кон својот бог, па почнаа товарот од коработ да го фрлаат во морето, за да му се олесни; а Јона беше слегол во дното на коработ, легнал и длабоко заспал. |
6. | Тогаш дојде при него капетанот на коработ и му рече: "Што, ти спиеш! Стани и повикај кај твојот Бог. Можеби Бог ке се сети на нас, и ние нема да загинеме." |
7. | Па си рекоа еден на друг: "Да фрлиме жреб и да видиме поради кого не снајде оваа беда." Фрлија жреб и жребот падна на Јона. |
8. | Тогаш му рекоа: "Кажи ни заради што не снајде оваа невоља? Со што се занимаваш, и од каде идеш? Каде е твојата земја и од кој народ си?" |
9. | Тој им рече: "Јас сум Евреин, Го почитувам Господа Бога на небесата, Оној што ја создаде земјата и водата." |
10. | Тогаш лу ето се уплашија многу и му рекоа: "Зошто го направи ова?" Оти тие узнаа дека тој бега од лицето Господово, - како што тој сам им беше кажел. |
11. | И му рекоа: "Што да направиме со тебе, та морето да стивне за нас?" Бидејки морето се брануваше. |
12. | Тогаш тој им рече: "Земете ме и фрлете ме в море, и морето за вас ке стивне, оти знам дека поради мене се крена оваа бура." |
13. | Лу ето потоа се трудеа некако да се приближат до суво, но не можеа, бидејки морето се повеке беснееше против нив. |
14. | Тогаш повикаа кон Господа и рекоа: "Те молиме Господи, да не загинеме поради душата на овој човек, и да не бидеме одговорни за невина крв, зашто Ти, Господи, си направил како што ти е Тебе угодно." |
15. | Па го зедоа Јона и го фрлија во морето; и морето престана да се бранува. |
16. | Тогаш лу ето се уплашија многу од Господа, Му принесоа на Господа жртви и се заветуваа. |
Jonah (1/4) → |