← John (9/21) → |
1. | И кога заминуваше, виде човек, слеп од раѓање. |
2. | А учениците Го прашаа: "Раби, кој згрешил, тој или неговите родители, та се родил слеп?" |
3. | Исус одговори: "Не згрешил ни тој ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него. |
4. | Ние треба да ги извршуваме делата на Оној Кој Ме прати, додека е ден. Доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи. |
5. | Додека Сум во светот, Јас Сум Светлината на светот." |
6. | Штом го рече тоа, плукна наземи, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи, |
7. | па му рече: "Оди, измиј се во бањата Силоам (што значи: "Пратен"). Тој отиде, се изми и дојде гледајќи. |
8. | А соседите и оние што го гледаа порано како питач, велеа: "Зар овој не е оној, што седеше и питаше?" |
9. | Едни велеа: "Тој е", други велеа: "Не е, но прилега на него." Тој рече: "Јас сум!" |
10. | Тогаш му рекоа: "Како ти се отворија очите?" |
11. | Тој одговори: "Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: "Оди во Силоам и измиј се. Јас отидов, се измив и прогледав." |
12. | Тогаш му рекоа: "Каде е Тој?", а човекот рече: "Не знам." |
13. | Го одведоа поранешниот слепец кај фарисеите. |
14. | А беше саботен ден кога Исус направи кал и му ги отвори очите. |
15. | Тогаш повторно фарисеите го прашаа како прогледал! Тој им рече: "Ми стави кал на очите, се измив и гледам." |
16. | Тогаш некои од нив рекоа: "Овој Човек не е од Бог, не ја празнува саботата." Други говореа: "Како може грешен човек да прави такви чудотворни знаци?" И настана раздор меѓу нив. |
17. | Тогаш пак му рекоа на слепиот: "Што велиш ти за Оној Кој ти ги отвори очите?" А тој рече: "Пророк е!" |
18. | Но Евреите не поверуваа дека бил слеп и дека прогледал, сè додека не ги повикаа неговите родители, |
19. | и ги прашаа, велејќи: "Дали е овој вашиот син, за кого велите дека се родил слеп? Како гледа сега?" |
20. | Неговите родители одговорија: "Знаеме дека овој е нашиот син и дека се роди слеп, |
21. | а како гледа сега, не знаеме, и кој му ги отворил очите, ние не знаеме. Прашајте го него, тој е возрасен, самиот нека зборува за себе." |
22. | Неговите родители го рекоа ова, зашто се плашеа од Евреите, бидејќи Евреите се беа договориле да биде исклучен од синагогата секој кој ќе Го признае Него за Христос. |
23. | Заради тоа, неговите родители рекоа: "Bозрасен е. Прашајте го него." |
24. | Тогаш повторно го повикаа човекот, кој пред тоа беше слеп и му рекоа: "Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Тој Човек е грешник." |
25. | А човекот им одговори: "Дали е грешник- не знам, но едно знам: бев слеп, а сега гледам." |
26. | Тогаш тие повторно го прашаа: "Што ти стори? Како ти ги отвори очите?" |
27. | Тој им одговори: "Bеќе ви реков, а вие не слушавте, зошто сакате да чуете повторно? Да не сакате и вие да станете Негови ученици?" |
28. | Тие го прекорија и рекоа: "Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици. |
29. | Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеј, а од каде е Овој, не знаеме." |
30. | Човекот им одговори, велејќи: "Е тоа е за чудење, што вие не знаете од каде е, а Тој ми ги отвори очите. |
31. | Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку оној кој е богобојазлив и ја врши Неговата волја, него го слуша. |
32. | Откако е веков не се чуло дека некој му ги отворил очите на слепороден. |
33. | Ако Тој не беше од Бога, ништо не ќе можеше да направи." |
34. | А тие му одговорија со зборовите: "Ти си целиот роден во гревови, ти ли ќе нè учиш нас?" И го истераа надвор. |
35. | Исус чу дека го истерале надвор, го најде и го праша: "Bеруваш ли ти во Божјиот Син?" |
36. | Тој одговори, велејќи: "А Кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?" |
37. | Исус му рече: "Ти веќе Го виде, Тој зборува со тебе." |
38. | А тој рече: "Bерувам, Господине", и Му се поклони. |
39. | Тогаш Исус рече: "Јас дојдов на овој свет за суд, за да прогледаат оние кои не гледаат и за да ослепат оние кои гледаат." |
40. | Некои од фарисеите, кои беа со Него, го чуја тоа и Му рекоа: "Да не сме и ние слепи?" |
41. | Исус им рече: "Да бевте слепи немаше да имате грев, ама сега велите: 'Гледаме' - затоа гревот ви останува." |
← John (9/21) → |