← John (8/21) → |
1. | Исус отиде на Маслиновата Гора. |
2. | А во мугрите повторно дојде во Храмот, и сите луѓе доаѓаа кај Него. Тој седна и ги поучуваше. |
3. | Тогаш закониците и фарисеите доведоа една жена фатена во прељуба, и откако ја поставија насреде, |
4. | Му рекоа: "Учителе, женава е фатена на самото дело во прељуба. |
5. | Мојсеј ни нареди во Законот да ги каменуваме таквите, а Ти што велиш?" |
6. | Тоа го рекоа за да Го искушаат, та да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и почна да пишува со прст по земјата. |
7. | Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: "Оној кој од вас е безгрешен, прв нека фрли камен на неа!" |
8. | И пак се наведна и пишуваше по земјата. |
9. | А тие, кога го чуја тоа, почнаа да отстапуваат еден по еден, почнувајќи од најстарите. А Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде. |
10. | Исус се исправи и и рече: "Жено, каде се другите? Ниеден ли не те осуди?" |
11. | Таа одговори: "Ниеден, Господине." Исус и рече: "Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе." |
12. | Исус пак продолжи да говори, велејќи: "Јас Сум светлината на светот. Кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има светлината на животот." |
13. | Затоа фарисеите Му рекоа: "Ти сведочиш Сам за Себе; Твоето сведоштво не е вистинито." |
14. | Исус во одговор им рече: "Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинито, зашто знам од каде дојдов и каде одам, а вие не знаете од каде дојдов и каде одам. |
15. | Bие судите според телото, Јас не му судам никому. |
16. | А ако и судам, Мојот суд е вистинит, затоа што не Сум Сам, туку сме Јас и Оној Кој Ме прати. |
17. | Дури и во вашиот закон пишува дека сведоштвото на двајца луѓе е вистинито. |
18. | Јас сведочам за Себе, и Таткото Кој Ме прати, сведочи за Мене." |
19. | Тогаш Му рекоа: "Каде е Твојот Татко?" Исус одговори: "Не Ме познавате ни Мене ни Мојот Татко. Ако Ме познававте Мене, ќе Го познававте и Мојот Татко." |
20. | Овие зборови ги кажа, кај ризницата, кога поучуваше во Храмот, и никој не Го фати, зашто уште не беше дошол Неговиот час. |
21. | Исус повторно им рече: "Јас си одам, а вие ќе Ме барате и ќе умрете во својот грев. Каде што одам Јас - вие не можете да дојдете." |
22. | Затоа Евреите рекоа: "Да не се самоубие, зашто вели: 'Каде одам Јас - вие не можете да дојдете?'" |
23. | Им рече уште: "Bие сте од долу, Јас Сум од горе. Bие сте од овој свет, а Јас не Сум од овој свет. |
24. | Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови, зашто ако не поверувате дека Јас Сум Тој, ќе умрете во своите гревови." |
25. | Тогаш Го прашаа: "Кој си Ти?" Исус им рече: "Па што ви зборувам уште од почетокот? |
26. | Имам многу да зборувам и да судам за вас, но вистинит е Оној Кој Ме испрати, и Јас му го кажувам на светот она што го имам слушнато од Него." |
27. | Тие не сфатија дека им зборува за Таткото. |
28. | Затоа Исус им рече: "Кога ќе Го подигнете Синот Човеков, тогаш ќе знаете дека Јас Сум и дека ништо не правам Сам од Себе, туку дека го зборувам она што Таткото Ме научи. |
29. | Оној Кој ме прати, со Мене е, не Ме остави Сам, зашто секогаш го правам она што Му годи." |
30. | Кога го зборуваше тоа, мнозина поверуваа во Него. |
31. | Затоа Исус им рече на Евреите, кои Му поверуваа: "Ако продолжите да го следите Моето слово, навистина сте Мои ученици, |
32. | и ќе ја знаете вистината, и вистината ќе ве ослободи. |
33. | Му одговорија: "Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме му робувале. Како велиш Ти: 'Ќе бидете слободни?'" |
34. | Исус им одговори: "Bистина, вистина, ви велам дека секој што прави грев, роб му е на гревот. |
35. | А робот не останува дома довека, Синот останува довека. |
36. | И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни. |
37. | Знам дека сте Авраамово потомство, а сепак сакате да Ме убиете, зашто Моето слово нема место во вас. |
38. | Јас го зборувам тоа што сум го видел кај Мојот Татко; исто и вие го правите тоа што сте го чуле од вашиот татко." |
39. | Му одговорија и рекоа: "Наш татко е Авраам." Исус им рече: "Ако сте Авраамови чеда, вршете ги Авраамовите дела. |
40. | А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бог. Авраам не постапи така. |
41. | Bие ги вршите делата на својот татко." Тие Му рекоа: "Ние не сме родени од блудство, имаме еден Татко - Бог." |
42. | Исус им рече: "Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене, зашто Јас излегов и дојдов од Бог, и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати. |
43. | Зошто не сфаќате што ви велам? Затоа што не можете да го слушате Моето слово. |
44. | Bие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на вашиот татко. Тој беше човекоубиец од почетокот и не остана при вистината, зашто во него нема вистина. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажливец и татко на лагата. |
45. | Но Мене не Ми верувате, бидејќи ви ја зборувам вистината. |
46. | Кој од вас Ме обвинува за грев? Ако ја зборувам вистината, зошто не Ми верувате? |
47. | Оној кој е од Бог, ги слуша Божјите зборови, а вие не ги слушате, затоа што не сте од Бог." |
48. | Евреите Му одговорија, велејќи: "Не зборуваме ли ние право дека Ти си самарјанин и дека си опседнат од демон?" |
49. | Исус одговори: "Јас немам демон, туку Го почитувам Мојот Татко, а вие Ме срамите. |
50. | Јас не ја барам Мојата Слава, има еден друг Кој ја бара и суди. |
51. | Bистина, вистина, ви велам, ако некој го запази Моето слово, нема да види смрт довека." |
52. | Евреите Му рекоа: "Сега знаеме дека има демон во Тебе. Авраам умре, а и пророците, а Ти велиш: 'Ако некој го запази Моето слово, нема да вкуси смрт довека.' |
53. | Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам, кој умре? И пророците умреа. За кого се претставуваш Ти Самиот?" |
54. | Исус одговори: "Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништожна. Мене Ме прославува Мојот Татко, за Кого вие велите: 'Тој е наш Бог'. |
55. | Bие не Го запознавте, а Јас Го познавам. И ако речам дека не Го познавам, ќе бидам лажливец како и вие, но Јас Го познавам и го пазам Неговото слово. |
56. | Авраам, вашиот татко, се радуваше да го види Мојот ден; и го виде, и се зарадува." |
57. | Евреите Му рекоа: "Уште немаш педесет години, а си го видел Авраам?" |
58. | Исус им рече: "Bистина, вистина, ви велам: Јас Сум уште од пред Авраамовото раѓање." |
59. | Тогаш грабнаа камења за да ги фрлат на Него, но Исус се засолни и излезе од Храмот. |
← John (8/21) → |