← John (5/21) → |
1. | Потоа беше јудејски празник и Исус се искачи во Ерусалим. |
2. | А во Ерусалим, кај Овчата Порта, има бања со пет тремови, на еврејски наречена Бетезда. |
3. | Под нив лежеа мнозина болни, слепи, сакати и исушени кои чекаа да се сподвижи водата, |
4. | зашто Господов ангел, одвреме навреме слегуваше во бањата и ја сподвижуваше водата, а оној кој прв ќе влезеше, откако ќе се разбрануваше водата, оздравуваше од каква - годе болест да страдаше. |
5. | Таму имаше еден човек кој лежеше болен триесет и осум години. |
6. | Кога Исус го виде како лежи, а знаејќи дека веќе долго боледува, му рече: "Сакаш ли да оздравееш?" |
7. | Болниот Му одговори: "Господине, немам човек да ме спушти во бањата кога ќе се разбранува водата, а додека јас втасам, друг слегува пред мене." |
8. | Исус му рече: "Стани, земи си ја рогозината и оди си!" |
9. | И човекот оздраве веднаш, ја зеде својата рогозина и почна да оди. Тој ден беше саботен. |
10. | Затоа Евреите му рекоа на исцелениот човек: "Саботен ден е и не смееш да ја носиш рогозината." |
11. | Но тој им одговори: "Оној Кој ме исцели, ми рече: 'Земи си ја рогозината и оди си!'" |
12. | Тогаш го прашаа: "Кој е човекот што ти рече: 'Земи си ја рогозината и оди си?'" |
13. | А исцелениот не знаеше Кој е, зашто Исус си замина уште додека имаше многу народ на тоа место. |
14. | Потоа Исус го најде во Храмот и му рече: "Еве, сега си здрав и не греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо." |
15. | Човекот замина и им кажа на Евреите дека Исус го исцели. |
16. | Затоа Евреите Го прогонуваа Исуса, бидејќи овие работи ги правеше во саботен ден. |
17. | А Тој им одговори: "Мојот Татко досега работи, па и Јас работам." |
18. | Затоа Евреите уште повеќе сакаа да Го убијат, не само затоа што го нарушуваше саботниот ден, туку и затоа што Бог Го нарекуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бог. |
19. | А Исус, пак, во одговор им рече: "Bистина, вистина, ви велам, Синот не може ништо да прави Сам од Себе, ако не гледа што прави Таткото, зашто она што го прави Таткото го прави и Синот. |
20. | Таткото Го љуби Синот и Му покажува сè што прави Самиот и ќе Му покаже дела уште поголеми од овие, за да се чудите. |
21. | Зашто, како што Таткото воскреснува мртви и ги оживува, така и Синот ги оживува оние кои сака. |
22. | Таткото не суди никого, туку целиот суд Му го отстапи на Синот, |
23. | за да Го почитуваат сите Синот, така како што Го почитуваат Таткото. Оној што не Го почитува Синот - не Го почитува ни Таткото, Кој Го прати. |
24. | Bистина, вистина, ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку премина од смрт во живот. |
25. | Bистина, вистина, ви велам доаѓа часот - и веќе настапи - кога мртвите ќе го чујат гласот на Божјиот Син, и оние што ќе го чујат, ќе живеат. |
26. | Зашто, како што Таткото има живот во Себе, така Му даде и на Синот да има живот во Себе. |
27. | Му даде и власт да суди, зашто е Син Човеков. |
28. | Не чудете се на тоа, зашто доаѓа часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат Неговиот глас |
29. | и ќе излезат од нив оние што правеле добро, ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осудување. |
30. | Јас ништо не можам да правам Сам од Себе. Како што слушам - така судам, и Мојот суд е праведен, зашто не ја барам Мојата волја, туку волјата на Оној Кој Ме прати. |
31. | Ако Јас сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво не е вистинито. |
32. | Има друг Кој сведочи за Мене и знам дека е вистинито сведоштвото што го дава за Мене. |
33. | Bие пративте кај Јован, и тој посведочи за вистината, |
34. | но јас не примам сведоштво од човек, туку ви ги кажувам овие работи, за да бидете вие спасени. |
35. | Тој беше светило, што гореше и светеше, но вие сакавте за кратко да и се порадувате на неговата светлина. |
36. | Јас пак имам сведоштво поголемо од Јовановото: делата што Таткото ми ги даде да ги завршам, токму тие дела што ги правам сведочат за Мене - дека Таткото Ме прати. |
37. | И Таткото, Кој Ме прати, Самиот сведочи за Мене. Bие ниту го чувте некогаш Неговиот глас, ниту го видовте Неговиот лик |
38. | и Неговите зборови не остануваат во вас, зашто не Му верувате на Оној Кого Тој Го прати. |
39. | Bие ги проучувате Писмата, зашто сметате дека имате вечен живот во нив: и тие сведочат за Мене. |
40. | Но вие не сакате да дојдете кај Мене, за да имате живот. |
41. | Слава не примам од луѓе, |
42. | впрочем, Јас знам дека вие немате во себеси Божја љубов. |
43. | Јас дојдов во името на Мојот Татко, и не Ме примате. Ако дојде друг во свое име, него ќе го примите. |
44. | Како можете да верувате, кога примате слава еден од друг, а не ја барате славата што доаѓа од единствениот Бог? |
45. | Немојте да мислите дека Јас ќе ве обвинам пред Таткото; има еден кој ве обвинува, Мојсеј, на кого се надевате. |
46. | Зашто, ако му верувавте на Мојсеј, ќе Ми верувавте и Мене; зашто тој пишуваше за Мене. |
47. | Но ако не им верувате на неговите Писма, како ќе им верувате на Моите зборови?" |
← John (5/21) → |