← John (3/21) → |
1. | А меѓу фарисеите имаше еден човек, по име Никодим, еврејски управител. |
2. | Тој дојде ноќе кај Исус и Му рече: "Раби! Знаеме дека Ти си Учител дојден од Бог; зашто никој не може да ги прави чудотворните знаци, што ги правиш Ти, ако Бог не е со него." |
3. | Исус му одговори, велејќи: "Bистина, вистина, ти велам, ако некој не се роди озгора, тој не може да го види Божјото царство." |
4. | Никодим Му рече: "Како може да се роди човек, кога е стар? Зар може по вторпат да влезе во утробата на мајка си и да се роди?" |
5. | Исус му одговори: "Bистина, вистина, ти велам: ако некој не се роди од вода и од Дух, тој не може да влезе во Божјото царство. |
6. | Роденото од тело, тело е, а роденото од Дух, дух е. |
7. | Не чуди се што ти реков: треба да се родите озгора. |
8. | Bетрот дува каде што сака. Го слушаш неговиот шум, а не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Дух." |
9. | Никодим Му одговори, велејќи: "Како може да биде тоа?" |
10. | Исус му одговори и рече: "Ти си учител на Израел, и не го знаеш тоа? |
11. | Bистина, вистина, ти велам: ние зборуваме за она што го знаеме и сведочиме за она што сме го виделе, а вие сепак не го примате нашето сведоштво. |
12. | Кога ви зборував за земни работи вие не верувате, а како ќе верувате ако ви зборувам за небесните? |
13. | И никој не отишол на небо, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човеков." |
14. | И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да биде издигнат Синот Човеков, |
15. | та секој кој верува во Него да има вечен живот. |
16. | Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот. |
17. | Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да биде спасен преку Него. |
18. | Кој верува во Него, нему не му се суди, а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син. |
19. | А судот се состои во ова: Светлината дојде во светот, а луѓето ја засакаа темнината повеќе од светлината, бидејќи делата им беа зли. |
20. | Зашто, секој кој прави зло ја мрази светлината и не оди кон светлината за да не бидат откриени неговите дела; |
21. | а кој ја извршува вистината, оди кон светлината, за да се видат неговите дела, бидејќи се извршени во Бога. |
22. | Потоа дојде Исус со Своите ученици во Јудеја; таму се задржа со нив и крштаваше. |
23. | И Јован исто така крштаваше во Енон, близу до Салим, бидејќи таму имаше многу вода, и луѓето доаѓаа и беа крштавани; |
24. | зашто Јован уште не беше фрлен во зандана. |
25. | Тогаш таму настана препирка околу исчистувањето, меѓу Јовановите ученици и еден Евреин. |
26. | И тие дојдоа кај Јован и му рекоа: "Раби, ете, Оној Кој беше со тебе од другана страна на Јордан, за Кого ти сведочеше, Тој крштава и сите одат кај Него." |
27. | Јован одговори, велејќи му: "Не може човек ништо да прими, ако не му е дадено од небото. |
28. | Bие сами сте мои сведоци дека реков: "Јас не сум Христос, туку сум испратен пред Него." |
29. | Оној кој има невеста, тој е младоженец. А пријателот на младоженецот, кој стои и го слуша, многу се радува штом ќе го чуе гласот на младоженецот. И така, оваа моја радост се исполни. |
30. | Тој треба да расте, а јас да се смалувам!" |
31. | Кој доаѓа озгора, Тој е над сите; оној кој е од земјата, тој е земен и зборува земно. Кој доаѓа од небото, Тој е над сите. |
32. | Тој сведочи за она што го видел и чул, но никој не го прима Неговото сведоштво. |
33. | Кој го примил Неговото сведоштво, потврдува дека Бог е вистинит. |
34. | Зашто Оној Кого Бог Го испратил говори Божји зборови, бидејќи Бог не Го дава Духот со мера. |
35. | Таткото Го љуби Синот и предаде сè во Неговата рака. |
36. | Кој верува во Синот, има вечен живот, а кој не верува во Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува врз него." |
← John (3/21) → |