← John (21/21) |
1. | Потоа Исус им се јави пак на учениците, на Тибериското Море, и тоа стана вака: |
2. | Симон Петар и Тома, наречен Близнак, Натанаил од галилејскиот град Кана и Зебедеевите синови, и други двајца од Неговите ученици, беа заедно. |
3. | Симон Петар им рече: "Ќе одам да ловам риби!" Тие му рекоа: "Ќе дојдеме и ние со тебе." И така, излегоа и влегоа во коработ, но таа ноќ не уловија ништо. |
4. | А кога се разденуваше, Исус застана на брегот, но учениците не знаеја дека е Тој. |
5. | Исус им рече: "Чеда, немате нешто уловено, нели?" Му одговорија: "Немаме." |
6. | А Тој им рече: "Врлете ја мрежата оддесно на коработ и ќе фатите." И така, ја фрлија, и веќе не можеа да ја извлечат од многуте риби. |
7. | Тогаш ученикот, кого Исус го љубеше, му рече на Петар: "Тоа е Господ." Штом Симон Петар чу дека е Господ, си ја препаша облеката (зашто беше необлечен) и скокна во морето. |
8. | А другите ученици дојдоа со коработ, влечејќи ја мрежата со рибите, зашто не беа далеку од копното - туку околу двеста лакти. |
9. | Кога излегоа на брегот, видоа: направен жар, риби врз него и леб. |
10. | Исус им рече: "Донесете од рибите што ги уловивте сега!" |
11. | Тогаш Симон Петар стана и ја извлече мрежата на брегот полна со големи риби, сто педесет и три. Иако беа толку многу, мрежата не се скина. |
12. | Исус им рече: "Дојдете да јадете!" А ниеден од учениците не се осмели да Го праша: "Кој си Ти?", зашто знаеја дека е Господ. |
13. | Исус дојде, зеде леб и им даде, и риби, исто така. |
14. | Тоа веќе беше третпат како Исус им се јави на учениците откако воскресна од мртвите. |
15. | Откако завршија со појадокот, Исус го праша Симон Петар: "Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли повеќе отколку другиве?" Тој Му одговори: "Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам." Тогаш Му рече: "Паси ги Моите јагниња!" |
16. | Потоа вторпат го праша: "Симоне, сине Јованов, Ме љубиш ли?" Овој му одговори: "Да, Господи, Ти знаеш дека Те сакам." Исус Му рече: "Bоди ги Моите овци на пасење!" |
17. | И третпат го праша: "Симоне, сине Јованов, Ме сакаш ли?" Петар се нажали дека по третпат го праша: "Ме сакаш ли?", и Му одговори: "Господи, Ти знаеш сè, Ти знаеш дека Те сакам." Исус му рече: "Паси ги Моите овци! |
18. | Bистина, вистина, ти велам: кога беше помлад се опашуваше сам и одеше каде што сакаше, но кога ќе остарееш, ќе ги рашириш своите раце и друг ќе те опашува и ќе те води каде што не сакаш." |
19. | А ова го рече, назначувајќи со каква смрт тој ќе Го прослави Бог. Откако го кажа тоа, му рече: "Оди по Мене!" |
20. | А Петар, кога се обѕрна, виде дека по нив оди ученикот кого Исус го милуваше, кој на вечерата се потпре на Исусовите гради и рече: "Господи, кој ќе Те предаде?" |
21. | Штом Петар го виде, Го праша Исуса: "Господи, а што е со овој?" |
22. | Исус му рече: "Ако сакам тој да остане додека не дојдам, што те засега тоа тебе? Ти следи Ме!" |
23. | Така се разнесе овој збор меѓу браќата, дека оној ученик, нема да умре. А Исус не му рече дека нема да умре, туку: "Ако сакам тој да остане додека не дојдам, што те засега тоа тебе?" |
24. | Овој е ученикот кој сведочи за ова и кој го напиша ова и знаеме дека неговото сведоштво е вистинито. |
25. | А има и многу други работи што ги направи Исус, туку ако се запишуваше секоја од нив, мислам дека напишаните книги не ќе можеа да бидат сместени во целиот свет. |
← John (21/21) |