← John (20/21) → |
1. | Bо првиот ден на седмицата, многу рано, додека уште беше темно, Марија од Магдала дојде на гробот и виде дека каменот од гробот е поместен. |
2. | Тогаш отрча и дојде кај Симон Петар и кај другиот ученик, кого Исус го љубеше, и им рече: "Го изнесле Господ од гробот и не знаеме каде Го положиле." |
3. | А Петар и другиот ученик излегоа и тргнаа кон гробот. |
4. | И двајцата трчаа заедно, но другиот ученик трчаше побргу од Петар и стигна прв до гробот. |
5. | Тој се наведна и виде ленени повои, како лежат, но не влезе внатре. |
6. | По него стигна Симон Петар, па влезе во гробот и ги виде повоите како лежат, |
7. | а крпата, што беше на Неговата глава, не беше заедно со повоите, туку беше свиткана одделно, на едно место. |
8. | Тогаш влезе и другиот ученик, кој стигна прв до гробот, и виде и поверува. |
9. | Зашто сè уште не го беа разбрале Писмото, дека Тој треба да воскресне од мртвите. |
10. | Тогаш учениците повторно се вратија дома. |
11. | А Марија стоеше надвор, кај гробот и плачеше. Додека плачеше, таа се наведна и погледна во гробот |
12. | и виде два ангела во бело, како седат таму каде што лежеше Исусовото тело, едниот кај главата, а другиот кај нозете. |
13. | Тие и рекоа: "Жено, зошто плачеш?" Им одговори: "Го однесле мојот Господ и не знам каде Го положиле?" |
14. | Откако го рече тоа, се сврте и Го виде Исуса како стои, но не знаеше дека е Исус. |
15. | Исус и рече:"Жено, зошто плачеш? Кого бараш?" Мислејќи дека е градинарот, таа Му рече: "Господине, ако си Го изнесол ти, кажи ми каде си Го положил, и јас ќе Го земам!" |
16. | Исус и рече: "Марија!" Таа се заврти и на хебрејски Му рече: "Рабуни!" (што значи Учител). |
17. | Исус и рече: "Остави Ме, зашто сè уште не сум појден горе кај Таткото. Туку оди кај Моите браќа и кажи им: 'Се враќам кај Мојот Татко и вашиот Татко, кај Мојот Бог и вашиот Бог.'" |
18. | Марија од Магдала дојде и им јави на учениците дека Го видела Господ и дека Тој тоа и го рекол. |
19. | А вечерта, на истиот прв ден од седмицата, додека вратата каде што беа собрани учениците беше затворена поради страв од Евреите, Исус дојде, застана насреде и им рече: "Мир вам!" |
20. | Откако го рече тоа, им ги покажа рацете и ребрата. Учениците се зарадуваа кога Го видоа Господ. |
21. | Затоа Исус пак им рече: "Мир вам! Како што Ме прати Таткото и Јас ве праќам!" |
22. | Кога им го кажа ова, дувна на нив и им рече: "Примете Свет Дух! |
23. | На оние на коишто ќе им ги простите гревовите, простени им се; на кои ќе им ги задржите, задржани им се!" |
24. | А Тома, наречен Близнак, еден од дванаесеттемина, не беше со нив кога дојде Исус. |
25. | Затоа другите ученици му рекоа: "Го видовме Господ!" А тој им рече: "Додека не ги видам раните од клинците на Неговите раце и не го ставам мојот прст во раните од клинците и не ја ставам мојата рака меѓу Неговите ребра, нема да поверувам." |
26. | А по осум дни, Неговите ученици пак беа внатре, и Тома со нив. Додека вратата беше затворена, Исус дојде, застана сред нив и им рече: "Мир вам!" |
27. | Потоа му рече на Тома: "Дај го твојот прст ваму и види ми ги рацете, и дај ја твојата рака и стави ја во Моите ребра, и не биди неверен, туку верен!" |
28. | Тома изусти, велејќи Му: "Мојот Господ и мојот Бог!" |
29. | Исус му рече: "Поверува, бидејќи Ме виде. Блажени се оние коишто не виделе, а поверувале." |
30. | И многу други чудотворни знаци направи Исус пред учениците, што не се запишани во оваа книга; |
31. | а овие се запишани, за да верувате дека Исус е Христос, Божјиот Син, и верувајќи да имате живот во Неговото име. |
← John (20/21) → |