← John (2/21) → |
1. | А на третиот ден имаше свадба во галилејскиот град Кана, и Исусовата мајка беше таму. |
2. | На свадбата ги поканија и Исус и Неговите ученици. |
3. | И кога снема вино, мајка Му му рече на Исус: "Немаат вино." |
4. | Исус и рече: "Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час." |
5. | Тогаш мајка му им рече на прислужниците: "Сè што ќе ви рече, направете." |
6. | Таму имаше шест камени садови, според јудејскиот пропис за миење, што собираа по две до три мери. |
7. | Исус им рече: "Наполнете ги садовите со вода!" И ги наполнија со рам. |
8. | Тогаш им рече: "Сега нацрпете и однесете му на старосватот! " И му однесоа. |
9. | Кога старосватот обиде од водата претворена во вино, а не знаеше од каде е (но знаеја прислужниците, кои црпеа од водата), го повика младоженецот |
10. | и му рече: "Секој човек најпрвин го изнесува доброто вино, а кога ќе се поднапијат - полошото. Ти досега си го чувал доброто вино." |
11. | Ова го направи Исус во галилејскиот град Кана како почеток на чудата и ја објави Својата слава; и Неговите ученици поверуваа во Него. |
12. | Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. |
13. | Наближуваше јудејската Пасха кога Исус се искачи во Ерусалим. |
14. | И во Храмот ги најде како седат таму продавачите на волови, овци, гулаби и менувачите на пари. |
15. | Направи камшик од јажиња и ги истера сите од Храмот, заедно со овците и воловите. На менувачите им ги истури парите и им ги преврте масите. |
16. | А на оние што продаваа гулаби, им рече: "Ова изнесете го одовде! Не правете трговски дуќан од Домот на Мојот Татко!" |
17. | Неговите ученици се сетија дека е напишано: "Ќе Ме изеде ревноста за Твојот Дом ." |
18. | Тогаш Евреите Го прашаа: "Со каков знак ни докажуваш дека смееш да го правиш ова?" |
19. | А Исус им одговори, велејќи: "Разурнете го овој Храм, и ќе го подигнам за три дни!" |
20. | Тогаш Евреите рекоа: "Храмов е граден четириесет и шест години, а Ти за три дни ли ќе го подигнеш?" |
21. | Ама Тој зборуваше за Храмот на Своето тело. |
22. | Кога беше воскреснат, пак, од мртвите, Неговите ученици се сетија дека го рече тоа, па им поверуваа на Писмото и на словото што Исус им го рече. |
23. | А кога беше во Ерусалим, на празникот Пасха, мнозина поверуваа во Неговото име, гледајќи ги чудата што ги правеше. |
24. | Но Самиот Исус не им се доверуваше, зашто сите ги познаваше, |
25. | и немаше нужда некој да Му сведочи за човекот, зашто Самиот знаеше што има во човекот. |
← John (2/21) → |