← John (19/21) → |
1. | Тогаш Пилат Го фати Исуса и Го даде да го камшикуваат. |
2. | А војниците исплетоа венец од трње, Му го ставија на главата, Го наметнаа со пурпурна наметка, |
3. | се приближија до Него и извикуваа: "Те поздравуваме, еврејски цару!" И Му удираа шлаканици. |
4. | Потоа Пилат излезе пак и им рече: "Еве, Го изведувам пред вас, за да знаете дека не наоѓам никаква вина во Него." |
5. | Тогаш Исус излезе надвор, носејќи трнов венец и пурпурна наметка, а Пилат им рече: "Еве Го Човекот!" |
6. | Но, кога првосвештениците и нивните слуги Го видоа, извикаа, велејќи: "Распни Го! Распни Го!" Пилат им рече: "Земете Го вие и распнете Го, зашто јас не наоѓам вина во Него." |
7. | Евреите Му одговорија: "Ние имаме закон и според законот Тој треба да умре, зашто Сам се стори Божји Син." |
8. | А кога Пилат го чу тоа, уште повеќе се уплаши. |
9. | И пак влезе во преторијата и Му рече на Исус: "Од кај си Ти?" Но Исус не му одговори. |
10. | Затоа Пилат Му рече: "Мене ли не ми зборуваш? Не знаеш ли дека имам власт да Те ослободам и дека имам власт да Те распнам?" |
11. | Исус одговори: "Ти не ќе имаше никаква власт над Мене, ако не ти беше дадена озгора; затоа поголем грев има оној кој Ме предаде на тебе." |
12. | Од тој момент Пилат настојуваше да Го ослободи, но Евреите викаа, велејќи: "Ако Го ослободиш Овој, не си му пријател на цезарот. Секој кој се прави цар, противник му е на цезарот!" |
13. | Штом Пилат ги чу тие зборови, го изведе Исус надвор и седна на судскиот стол, на местото што се вика Плочник, а на хебрејски Габата. |
14. | Беше ден на подготовката за Пасха, околу шестиот час, па им рече на Евреите: "Еве ви Го царот!" |
15. | Но тие викаа: "Убиј Го, убиј Го! Распни Го!" Пилат им рече: "Bашиот Цар ли да Го распнам?" Првосвештениците одговорија: "Ние немаме друг цар, освен цезарот!" |
16. | Тогаш им го предаде за да биде распнат. |
17. | Тие го презедоа Исуса, а Тој, носејќи го Својот крст, излезе на местото наречено Черепница, а на хебрејски Голгота; |
18. | каде што Го распнаа меѓу други двајца, од едната и од другата страна, а Исус во средината. |
19. | А Пилат напиша натпис и го стави на крстот. На него беше напишано: "ИСУС ОД НАЗАРЕТ, ЦАРОТ НА ЕBРЕИТЕ." |
20. | Натписот го прочитаа мнозина Евреи, зашто местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот, а беше напишано на хебрејски, латински и грчки. |
21. | Тогаш јудејските првосвештеници му рекоа на Пилат: "Не пишувај: 'Царот на Евреите,' туку дека Тој рекол: 'Јас Сум Царот на Евреите.' |
22. | Пилат одговори: "Тоа што го напишав, го напишав!" |
23. | А војниците, откако Го распнаа Исус, ја зедоа Неговата облека и ја разделија на четири дела, по еден дел на секој војник; исто така и туниката, а туниката не беше шиена, туку целата исткаена озгора додолу; |
24. | па си рекоа меѓу себе: "Да не ја кинеме, туку да фрлиме жрепка за неа кому да му падне!", за да се исполни Писмото: "Ја разделија меѓу себе Мојата облека, и фрлија жрепка за Мојата туника." Така постапија војниците. |
25. | А кај Исусовиот крст стоеја мајка Му и сестрата на Неговата мајка, Марија на Клопа и Марија од Магдала. |
26. | А Исус, штом ја виде Својата мајка, и покрај неа ученикот кого го љубеше, и рече на мајка си: "Жено, ете ти син!" |
27. | Потоа му рече на ученикот: "Ете ти мајка! " И од тој час ученикот ја зеде кај себе. |
28. | По ова Исус, знаејќи дека е свршено сè, за да се исполни Писмото, рече: "Жеден Сум!" |
29. | Таму имаше сад, полн со оцет, па закачија на трска сунѓер натопен во оцет и Му го поднесоа до устата. |
30. | Штом Исус го вкуси оцетот, рече: "Заврши!", па ја наведна главата и го предаде духот. |
31. | Бидејќи беше денот на подготовка, Евреите, за да не останат телата на крстот во саботниот ден (зашто таа сабота беше голем ден), го замолија Пилат да им ги скршат нозете и да ги симнат. |
32. | Така, војниците дојдоа и им ги скршија нозете на едниот и на другиот, кои беа распнати со Него. |
33. | А кога дојдоа до Исус и видоа дека е веќе умрен, не Му ги скршија нозете, |
34. | туку еден од војниците го прободе со копје меѓу ребрата, и веднаш потече крв и вода. |
35. | Оној што сè виде, посведочи, а неговото сведоштво е веродостојно и тој знае дека ја зборува вистината, та и вие да поверувате. |
36. | Имено, сето ова се случи за да се исполни Писмото: "Негова коска нема да биде скршена." |
37. | А на друго место Писмото вели: "Ќе гледаат на Оној Кого Го прободија!" |
38. | Потоа Јосиф од Ариматеја, кој беше Исусов ученик, но таен поради страв од Евреите, го замоли Пилата да го земе Исусовото тело, а Пилат му дозволи. Така, тој дојде и го зеде Неговото тело. |
39. | А стигна и Никодим, кој првпат дојде кај Него ноќе и донесе околу педесет литри смеса од смирна и алој. |
40. | Тие Го зедоа Исусовото тело и го завиткаа, според јудејскиот погребен обичај, во ленено платно со мириси. |
41. | А на местото, каде што беше распнат, имаше градина, а во градината нов гроб во кој уште никој не беше положен. |
42. | Таму Го положија Исус, заради јудејскиот ден на подготовка, зашто гробот беше близу. |
← John (19/21) → |