← John (16/21) → |
1. | "Ова ви го кажав, за да не се соблазните. |
2. | Ќе ве бркаат од синагогите, а ќе дојде час кога секој што ќе ве убие, ќе мисли дека со тоа Му служи на Бога. |
3. | Тоа ќе го прават, бидејќи не Го знаат Таткото, ниту Мене. |
4. | Ова ви го кажав за да се сетите кога ќе дојде нивното време дека сум ви го рекол. Ова не ви го кажав од почетокот, бидејќи бев со вас." |
5. | "А сега одам кај Оној Кој Ме прати, а никој од вас не Ме праша: 'Каде одиш?' |
6. | Туку, вашето срце се исполни со тага, зашто ви го кажав тоа. |
7. | Сепак, ви ја кажувам вистината: подобро е за вас Јас да си заминам. Зашто ако не си заминам, Утешителот нема да дојде кај вас; ако пак заминам, ќе ви Го испратам. |
8. | А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за гревот, за праведноста и за судот. |
9. | За гревот - зашто не веруваат во Мене; |
10. | за праведноста - зашто си одам кај Таткото, и веќе нема да Ме видите; |
11. | за судот - зашто принцот на овој свет е осуден. |
12. | Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да поднесете. |
13. | А кога ќе дојде Тој, Духот на Bистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, туку ќе зборува за она што го слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат. |
14. | Тој ќе Ме прослави Мене, зашто ќе земе од Моето и ќе ви го објави вам. |
15. | Сè што има Таткото - Мое е; затоа реков дека ќе земе од Моето и ќе ви го објави вам." |
16. | "Уште малку и веќе не ќе Ме гледате, ама за кратко и пак ќе Ме видите." |
17. | А некои од Неговите ученици си рекоа еден на друг: "Што е тоа, што ни вели: 'Уште малку, и не ќе Ме гледате, ама за кратко и пак ќе Ме видите?' и 'Си одам кај Таткото?' |
18. | И си зборуваа: "Што е тоа 'за кратко' за кое зборува? Не знаеме за што зборува!" |
19. | Исус сфати дека сакаат да го прашаат, па им рече: "Затоа ли се расправате меѓу себе за она што ви реков: 'Уште малку и не ќе Ме гледате, и пак по кратко ќе Ме видите?' |
20. | Bистина, вистина, ви велам: вие ќе плачете и ќе лелекате, а светот ќе се радува; ќе бидете тажни, но вашата тага ќе се претвори во радост. |
21. | Жената е тажна кога раѓа, зашто дошол нејзиниот час; но штом ќе го роди детето, не си спомнува веќе за маката - заради радоста дека се родил човек на светот. |
22. | Така и вие сега сте нажалени, но пак ќе ве видам, па ќе се зарадува вашето срце, и таа ваша радост никој не ќе може да ви ја одземе. |
23. | Bо оној ден нема да Ме прашувате за ништо. Bистина, вистина, ви велам: што и да побарате од Таткото во Мое име, ќе ви даде. |
24. | Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, та вашата радост да биде целосна." |
25. | "Ова ви го зборував сликовито, но доаѓа часот кога нема да ви зборувам веќе сликовито, туку ќе ви зборувам отворено за Таткото. |
26. | Bо тој ден ќе барате во Мое име; и не ви велам дека Јас ќе Го молам Таткото за вас, |
27. | бидејќи самиот Татко ве љуби, зашто вие Ме засакавте Мене и верувавте дека Јас Сум излегол од Бога. |
28. | Излегов од Таткото и дојдов во светот. Сега повторно го оставам светот и одам кај Таткото." |
29. | Неговите ученици рекоа: "Еве, сега зборуваш отворено и не зборуваш сликовито. |
30. | Сега знаеме дека знаеш сè и не е нужно некој да Те испрашува; затоа веруваме дека си излегол од Бога." |
31. | Исус им одговори: "Сега верувате ли? |
32. | Еве, иде часот, и веќе настапи, за да се раштркате секој на своја страна и да Ме оставите Сам; но сепак не Сум Сам, зашто Таткото е со Мене. |
33. | Ова ви го реков, за да имате мир во Мене. Bо светот имате неволи, но бидете храбри - Јас го победив светот." |
← John (16/21) → |