← John (15/21) → |
1. | Јас Сум вистинската лоза, а Мојот Татко е лозарот. |
2. | Тој ја отстранува секоја лозинка од Мене што не дава плод, а ја обрежува секоја што дава плод, за да даде повеќе род. |
3. | Bие сте веќе чисти заради Словото кое ви го зборував. |
4. | Останете во Мене и Јас во вас. Како што лозинката не може да роди плод сама од себе ако не остане на лозата, така ни вие, ако не останете во Мене. |
5. | Јас Сум лозата, а вие сте лозинките. Кој останува во Мене и Јас во него, тој дава многу плод; зашто без Мене не можете да сторите ништо. |
6. | Ако некој не остане во Мене, тој ќе биде исфрлен како лозинка и се суши, - лозинките ги собираат, ги фрлаат в оган и ги горат. |
7. | Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде дадено. |
8. | Мојот Татко се прославува со тоа што давате многу плод и покажувате дека сте Мои ученици. |
9. | Како што Таткото Ме засака Мене, така и Јас ве засакав вас. Останете во Мојата љубов ! |
10. | Ќе останете во Мојата љубов, ако ги запазите Моите заповеди, како што и Јас ги запазив заповедите на Мојот Татко и останувам во Неговата љубов. |
11. | Ова ви го реков за да биде Мојата радост во вас, а вашата радост да биде целосна. |
12. | Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг како што Јас ве засакав вас. |
13. | Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. |
14. | Bие сте Ми пријатели ако го вршите она што Јас го заповедам. |
15. | Не ве нарекувам веќе слуги, зашто слугата не знае што прави неговиот господар, туку ве нареков пријатели, зашто ви кажав сè што чув од Таткото. |
16. | Bие не Ме избравте Мене, туку Јас ве избрав вас и ве поставив да одите и да принесувате плод, и вашиот плод да остане; за што и да побарате во Мое име, да ви даде. |
17. | Ова ви го заповедам: да се љубите еден со друг! " |
18. | "Ако светот ве мрази, да знаете дека Мене Ме мразеше уште пред вас! |
19. | Да бевте од овој свет, светот би ги љубел своите; но бидејќи не сте од светов, туку Јас ве избрав од светот, затоа светот ве мрази. |
20. | Помнете го зборот што ви го реков: 'Слугата не е поголем од својот господар!' Ако Ме прогонуваа Мене, ќе ве прогонуваат и вас; ако го пазеа Моето Слово, ќе го пазат и вашето. |
21. | Туку, сето ова ќе ви го прават заради Моето име, затоа што не Го познават Оној Кој Ме прати. |
22. | Да не дојдев и да не им зборував, немаше да имаат грев; но сега немаат изговор за својот грев. |
23. | Кој Ме мрази Мене, Го мрази и Мојот Татко. |
24. | Да не направев меѓу нив дела какви што никој друг не направил, немаше да имаат грев; но сега видоа и пак нè мразат Мене и Мојот Татко. |
25. | Туку, треба да се исполни словото, запишано во нивниот Закон: 'Ме замразија без причина!' |
26. | А кога ќе дојде Утешителот, Кого Јас ќе ви Го испратам од Таткото, Духот на Bистината, Кој излегува од Таткото, Тој ќе сведочи за Мене; |
27. | а и вие ќе сведочите, бидејќи бевте со Мене уште од почетокот." |
← John (15/21) → |