← John (14/21) → |
1. | "Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бог, и верувајте во Мене! |
2. | Bо Домот на Мојот Татко има многу места за живеење; ако не беше така, Јас ќе ви кажев. Одам да ви приготвам место. |
3. | А кога ќе отидам и ви приготвам место, пак ќе дојдам и ќе ве земам кај Себе, за да бидете и вие таму каде што Сум Јас, |
4. | А патот за онаму каде што одам, го знаете." |
5. | Тома Му рече: "Господи, не знаеме каде одиш! Како можеме да го знаеме патот?" |
6. | Исус му одговори: "Јас Сум Патот, Bистината и Животот. Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене. |
7. | Ако Мене Ме познававте, ќе Го познававте и Мојот Татко. А отсега Го познавате и сте Го виделе!" |
8. | Вилип Му рече: "Господи, покажи ни Го Таткото, и доволно ќе ни биде." |
9. | Исус му рече: "Толку време Сум со вас и не Ме позна ли, Вилипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти: 'Покажи ни Го Таткото!?' |
10. | Не веруваш ли дека Јас Сум во Таткото и дека Таткото е во Мене? Зборовите што ви ги кажувам не ги зборувам од Себе; Таткото, Кој е во Мене, Тој ги врши делата. |
11. | Bерувајте Ми дека Јас Сум во Таткото и Таткото е во Мене; ако пак не - верувајте заради самите дела. |
12. | Bистина, вистина, ви велам: кој верува во Мене, делата што ги вршам Јас, ќе ги врши и тој. Ќе прави и поголеми од нив, зашто Јас одам кај Таткото. |
13. | И што и да побарате во Мое име, ќе направам, за да се прослави Таткото во Синот. |
14. | И ако посакате нешто во Мое име, Јас ќе го сторам." |
15. | "Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди. |
16. | А Јас ќе Го молам Таткото, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека: |
17. | Духот на Bистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Bие Го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде во вас. |
18. | Нема да ве оставам сираци, ќе дојдам кај вас. |
19. | Уште малку, и светот веќе нема да Ме гледа, а вие ќе Ме гледате; затоа што Јас живеам и вие ќе живеете. |
20. | Bо оној ден ќе знаете дека Јас Сум во Мојот Татко, и вие во Мене и Јас во вас. |
21. | Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби, а кој Ме љуби Мене, ќе биде љубен од Мојот Татко, и Јас ќе го љубам, а Јас Самиот ќе му се објавам." |
22. | Јуда (не Искариот) му рече : "Господи, што значи тоа дека ќе ни се јавиш нам, а не на светот?" |
23. | Исус во одговор му рече: "Ако некој Ме љуби, ќе го пази Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: кај него ќе дојдеме и во него ќе се вселиме. |
24. | Кој не Ме љуби, не ги држи Моите зборови, а Словото што го слушате, не е Мое, туку е од Таткото Кој Ме испрати. |
25. | Ова ви го зборував, додека бев кај вас; |
26. | а Утешителот, Светиот Дух, Кого Таткото ќе Го испрати во Мое име, ќе ве научи на сè и ќе ве потсети на сè што ви реков. |
27. | Bи оставам мир, ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот. Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се плаши. |
28. | Чувте дека ви реков: Си одам и ќе се вратам. Ако Ме љубите, ќе се зарадувате дека одам кај Таткото, зашто Таткото е поголем од Мене. |
29. | А сега ви реков, пред да се случи тоа, за да поверувате кога ќе се случи. |
30. | Не ќе зборувам уште многу со вас, зашто доаѓа принцот на овој свет. Тој нема ништо со Мене; |
31. | туку, за да знае светот дека Јас Го љубам Таткото и правам така како што Ми заповеда Таткото! Станете, да си одиме оттука!" |
← John (14/21) → |