← John (13/21) → |
1. | А пред празникот Пасха, Исус, знаејќи дека Му дојде часот за да замине од овој свет кон Таткото, откако ги засака Своите во светов, ги љубеше докрај. |
2. | За време на вечерата, ѓаволот веќе беше ставил мисла во срцето на Јуда, синот на Симон Искариот, да Го предаде. |
3. | Исус, знаејќи дека Таткото Му предаде сè во рацете, дека излезе од Бог и дека оди кај Бог, |
4. | стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се опаша. |
5. | Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше опашан. |
6. | Така, дојде до Симон Петар, а овој Му рече: "Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?" |
7. | Исус одговори, велејќи му: "Ти сега не знаеш што правам Јас, но подоцна ќе разбереш." |
8. | Петар Му рече: "Ти никогаш нема да ми ги измиеш нозете!" Исус му одговори: "Ако не те измијам, немаш дел со Мене." |
9. | Симон Петар Му рече: "Господи, измиј ми ги не само нозете, туку и рацете и главата." |
10. | Исус му одговори: "На измиениот треба да му се измијат само нозете, зашто целиот е чист, а вие сте чисти, но не сте сите." |
11. | Бидејќи знаеше кој ќе Го предаде, затоа и рече: "Не сте сите чисти!" |
12. | А кога им ги изми нозете, ја зеде својата горна облека и пак прилегна крај трпезата и им рече: "Сфативте ли што ви сторив? |
13. | Bие Ме нарекувате Мене Учител и Господ, и право велите, зашто тоа Сум. |
14. | И така, ако Јас, Господ и Учител, ви ги измив нозете, и вие сте должни да си ги миете нозете еден на друг; |
15. | зашто ви дадов пример и вие да правите онака како што ви направив Јас. |
16. | Bистина, вистина, ви велам: слугата не е поголем од својот господар, ниту пратеникот е поголем од оној што го праќа. |
17. | Кога ги знаете овие работи, блажени сте ако ги исполнувате. |
18. | Не зборувам за сите вас. Ги знам оние што ги избрав; но треба да се исполни Писмото: 'Оној Кој го јаде Мојот леб, ја крева својата петица против Мене.' |
19. | Отсега ќе ви кажувам пред да се збидне, за да поверувате, кога ќе се збидне, дека Јас Сум. |
20. | Bистина, вистина, ви велам: кој го прима оној кого Јас го праќам, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној Кој Ме прати Мене." |
21. | Штом го рече тоа, Исус се вознемири во духот, па посведочи и рече: "Bистина, вистина, ви велам дека еден од вас ќе Ме предаде." |
22. | Тогаш учениците се погледнаа еден со друг, не знаејќи за кого зборува. |
23. | А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше се навалил на Исусовиот скут; |
24. | тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: "Прашај го за кого зборува?" |
25. | Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: "Господи, кој е тој?" |
26. | Исус одговори: "Тоа е оној кому ќе му натопам залак и ќе му го подадам." И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда, синот на Симон Искариот. |
27. | И откако го прими залакот, сатаната влезе во него. Исус, пак, му рече: "Што ќе правиш, прави побргу!" |
28. | Ама никој од оние што беа прилегнати крај трпезата, не разбра зошто му го рече тоа. |
29. | Но, бидејќи кај Јуда беше чекмежето, некои помислија дека Исус му вели: "Купи што ни е потребно за празникот!" или да им раздаде нешто на сиромашните. |
30. | Штом го прими залакот, Јуда веднаш излезе, а беше ноќ. |
31. | И кога излезе, Исус рече: "Сега се прослави Синот Човеков, и Бог се прослави во Него. |
32. | Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, а ќе Го прослави веднаш. |
33. | Чеда, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Евреите: таму каде што одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви велам: |
34. | Bи давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. |
35. | По ова сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов меѓу себе!" |
36. | Симон Петар Му рече: "Господи, каде одиш?" Исус му одговори: "Таму каде што одам Јас, ти сега не можеш да дојдеш со Мене, но подоцна ќе дојдеш." |
37. | Петар Му рече: "Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе." |
38. | Исус одговори: "Својот живот ќе го дадеш за Мене? Bистина, вистина, ти велам, петел нема да пропее, додека ти трипати не се откажеш од Мене." |
← John (13/21) → |