← John (10/21) → |
1. | "Bистина, вистина, ви велам, оној што не влегува во трлото низ врата, туку прескокнува на друго место, тој е крадец и разбојник. |
2. | А оној што влегува низ вратата, тој е пастир на овците. |
3. | Нему вратарот му отвора, а овците го слушаат неговиот глас. Тој ги вика по име и ги изведува. |
4. | Кога ќе ги изведе, оди пред нив, а овците одат по него, зашто го познаваат неговиот глас. |
5. | По туѓинец никако не одат, туку бегаат од него, зашто не го познаваат гласот на туѓинците." |
6. | Исус им ја кажа оваа споредба, но тие не го сфатија значењето на тоа за кое им зборуваше. |
7. | Исус повторно им рече: "Bистина, вистина, ви велам: Јас Сум вратата за овците. |
8. | Сите кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници, но овците не ги послушаа. |
9. | Јас Сум вратата. Кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде пасиште. |
10. | Крадецот влегува само да обира, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. |
11. | Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. |
12. | Главеникот, кој не е пастир, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега, а волкот ги разграбува и ги раштркува; |
13. | зашто е главеник и не се грижи за овците. |
14. | Јас Сум Добриот Пастир и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. |
15. | Како што Таткото Ме познава Мене, и Јас Го познавам Таткото; и Јас го давам Мојот живот за овците. |
16. | И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги доведам. Тие ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден пастир. |
17. | Таткото Ме љуби затоа што Јас го давам Својот живот, за повторно да го земам. |
18. | Никој не Ми го одзеде, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко." |
19. | Заради овие зборови пак настана раздор меѓу Евреите. |
20. | Мнозина од нив велеа: "Опседнат е од демон и блада, зошто Го слушате?" |
21. | Други велеа: "Тоа не се зборови на опседнат од демон. Може ли демон да отвора очи на слепи?" |
22. | Тогаш во Ерусалим се празнуваше празникот Посветување; беше зима. |
23. | А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот. |
24. | Тогаш Евреите Го опкружија и Му рекоа: "До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!" |
25. | Исус им одговори: "Bи реков, и не верувате. Делата што Јас ги правам во името на Мојот Татко сведочат за Мене. |
26. | Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци. |
27. | Моите овци го слушаат Мојот глас, Јас ги познавам, и тие одат по Мене. |
28. | Јас им давам вечен живот и никогаш нема да загинат и никој нема да ги отме од Мојата рака. |
29. | Мојот Татко, Кој ми ги даде, поголем е од сите, и никој не може да ги отме од раката на Мојот Татко. |
30. | Јас и Мојот Татко сме едно." |
31. | Евреите, пак, зедоа камења за да Го каменуваат. |
32. | Исус им рече: "Bи покажав многу добри дела од Мојот Татко. За кое од тие дела ќе Ме каменувате?" |
33. | Евреите Му одговорија: "Не Те каменуваме заради добро дело, туку заради богохулство, зашто Ти, иако си човек, се правиш Бог." |
34. | Исус им одговори: "Не е ли напишано во вашиот Закон: 'Јас реков: богови сте?' |
35. | Ако ги нарече богови оние на кои им беше упатено Божјото Слово, а Писмото не може да биде нарушено, |
36. | зошто вие велите дека хули на Бога Оној Кого Таткото Го посвети и Го испрати во светот. Затоа што реков: 'Јас Сум Божјиот Син?' |
37. | Ако не ги извршувам делата на Мојот Татко, не верувајте Ми. |
38. | А ако ги извршувам, верувајте им на делата, ако Мене не Ми верувате, за да знаете и останете во знаењето дека Таткото е во Мене и Јас сум во Таткото ! " |
39. | Тогаш сакаа пак да Го фатат, но им се измолкна од рацете. |
40. | И пак отиде преку Јордан, каде што отпрвин крштаваше Јован, и остана таму. |
41. | И мнозина дојдоа кај Него и рекоа: "Јован не направи ниедно чудо, но сè што рече Јован за Него, беше вистина." |
42. | И таму мнозина поверуваа во Него. |
← John (10/21) → |