← Joel (3/3) |
1. | Зашто, ете, во оние денови и во тоа исто време, кога ке ги вратам плениците на Јуда и од Ерусалим, |
2. | тогаш ке ги соберам сите народи и ке ги доведам во долината Јосафатова, и таму над нив ке изречам суд за Мојот народ и за Моето наследство - Израилот, кого го растурија ме у народите и земјата Моја ја разделија. |
3. | За народот Мој фрлија жреб и даваа момче за блудница, и продаваа девојче за вино, па пиеја. |
4. | Па што барате од Мене вие, Тире и Сидоне и сите краеви филистејски? Сакате ли да Ми отплатите или рака да Ми вратите? Но наскоро ке ја свртам отплатата ваша врз вашите глави, |
5. | бидејки вие го зедовте среброто Мое и златото Мое и Моите највредни драгоцености и ги внесовте во безбожнички светилишта; |
6. | а синовите на Јуда и на Ерусалим ги продавате на синовите елински, за да ги отстраните од нивните предели. |
7. | Еве, Јас ке ги кренам од она место, каде што ги продадовте, и ке ја свртам вашата отплата врз главите ваши. |
8. | И ке ги предадам синовите ваши и керките ваши во рацете на синовите Јудини, и тие ке ги предадат на Савејците, народ далечен. Така вели Господ Саваот. |
9. | Кажете го ова ме у народите, пригответе се за војна, кренете ги јунаците, нека дојдат и нека станат сите војници. |
10. | Прековајте ги плуговите свои во мечеви, а срповите во копја; и слабиот нека вели: силен сум. |
11. | Побрзајте, вие народи, сите наоколу и соберете се. Господи, поведи ги јунаците Свои! |
12. | Нека се кренат народите и нека слезат во долината Јосафатова; зашто таму ке седнам Јас за да им судам на народите по ред. |
13. | Мавнете со срповите, зашто зрело е житото; одете, слезете, зашто полна е кацата и бочвите се преполнети, оти злобата им е голема. |
14. | Групи, групи во долината на судот! Оти близу е денот Господен во долината на судот. |
15. | Сонцето и месечината ке потемнат, и sвездите ке го изгубат својот сјај. |
16. | И ке загрми Господ од Сион и ке го испушти гласот Свој од Ерусалим: ке затреперат небото и земјата; но Господ ке му биде заштита на Својот народ и одбрана за синовите Израилеви. |
17. | Тогаш ке познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог, Кој живее на Сион, на Мојата света гора; и ке стане Ерусалим светиња, и нема повеке ту инци да минуваат низ него. |
18. | И, ете, во тој ден, во тој ден од горите ке капе вино, а од ридовите ке потече млеко, и сите долини јудејски ке се преполнат со вода, а од домот Господен ке се појави извор, и ке ја напојува долината Ситим. |
19. | Египет ке стане пустиња и Едом ке стане пустиња, бидејки тие ги измачуваа синовите Јудини и проливаа невина крв во земјата нивна. |
20. | А Јуда ке живее вечно, и Ерусалим - од род во род. |
21. | Јас ке ја измијам крвта нивна, која уште не сум ја измил, и Господ ке живее на Сион. |
← Joel (3/3) |