← Joel (2/3) → |
1. | Трубете со труби на Сион и викајте на Мојата света гора; нека треперат сите жители земни, оти настапува денот Господен, бидејки е близу, |
2. | денот на темнина и мрак денот облачен и маглив: како зората ке се шири по горите многуброен народ и силен каков што немало од векот и каков што не ке има потоа од род во род. |
3. | Пред него оган ке голта, а зад него пламен ке пали; пред него е земјата како Едемска градина, за зад него земјата ке биде опустошена како пустиња, и за никого од него нема да има спас. |
4. | Изгледаат како коњи, потскокнуваат како коњаници, |
5. | скокаат преку горските врвови како со тропот од коли, како праскот од огнен пламен, кој гори слама - како силен народ построен за борба. |
6. | Штом ке се појави, ке затреперат народите; лицата на сите ке им побледат. |
7. | Како борци ке трчаат и како храбри борци ке се искачуваат по карпите, и секој ке си оди по својот пат и нема да се отстранува од патот свој. |
8. | И нема да се притискаат еден со друг, а ке па аат врз копја, но ке остануваат неповредени. |
9. | Kе трчаат по градот, ке се искачуваат по sидовите, ке влегуваат во куките, ке влегуваат и низ прозорците како крадачи. |
10. | Пред нив ке се потресе земјата, ке се расклати небото, сонцето и месечината ке потемнат, а и sвездите ке ја изгубат светлината своја. |
11. | И Господ ке го пушти гласот Свој пред Својата војска, зашто силата воинствена Негова е многу голема, и силен е оној што ке ја извршува вољата Негова; оти голем е денот Госпден и многу е страшен, и кој ке истрпи? |
12. | Но и уште сега вели Господ: обрнете се кон Мене од се срце со пост, плач и ридание. |
13. | Раскинете го срцата свои, а не облеката и обрнете се кон Господа вашиот Бог: зашто Он е благ и милосрден, долготрпелив и многумилостив и сожалува за злото. |
14. | кој знае дали нема да се смили и дали ке остави благослов: лебен принос и прелив за Господа, вашиот Бог? |
15. | Затрубете со труба на Сион, наредете пост и објавете свечен собир. |
16. | Соберете го народот, свикајте собир, поканете ги и старците, соберете ги децата и цицалчињата; нека излезе младоженицот од својата одаја и невестата од својата горна одаја. |
17. | Ме у тремот и жртвеникот нека плачат свештениците, служителите на Господа и нека велат: "Смилувај се, Господи, над народот Свој, не предавај го наследството Свое на срам, та да не се подигруваат со него народите! Зошто ме у нив да се зборува - каде е нивниот Бог?" |
18. | Тогаш Господ ке поревнува за земјата Своја, па ке се смили и на народот Свој. |
19. | Тогаш ке одговори Господ и ке му рече на народот Свој: "Еве, Јас ке ви пратам леб, вино и елеј, и ке се наситите со тоа, и нема повеке да ве предавам на поруга пред народите. |
20. | И непријателот од север ке го мавнам и ке го протерам во безводна и пуста земја - предната сила - во источното море, а задната - во западното море, и ке се крене омразата од него, и ке се почувствува смрдеа, зашто тој беше направил големо зло. |
21. | Не бој се, земјо; радувај се и весели се, зашто голем е Господ и може да го направи тоа. |
22. | Не бојте се sверови полски, зашто пасиштата на пустињата ке се наполнат со трева, дрвјата ке го дадат својот плод, смоквата и лозјата ке ја покажат својата сила. |
23. | А и вие, чеда Сионови, радувајте се и веселете се во Господа, вашиот Бог; оти Он ке ви дава умерен дожд, па ке ви прака дожд - дожд ран и дожд доцен, како и порано. |
24. | И ке се наполнат гумната со жито и ке се преполнат бочвите со гроздов сок и со елеј. |
25. | И ке ви надоместат за оние години, кога испојадоа се скакулците, црвите, бумбарите и гасениците - Мојата голема војска што ја пратив против вас. |
26. | И до наситка ке јадете и ке се наситувате и ке го славите името на Господа, вашиот Бог, Кој пред вас изврши големи чудеса, така што Мојот народ нема да се посрами довека. |
27. | И ке познаете дека Јас сум ме у Израилот и дека Јас сум Господ, вашиот Бог, и дека нема друг, и Мојот народ нема да се посрами довека. |
28. | И, ете, потоа ке излеам од Мојот Дух врз секоја плот, и синовите ваши и керките ваши ке пророкуваат; старците ваши ке сонуваат соништа и младите ваши ке гледаат виденија. |
29. | А и врз слугите и слугинките во оние денови ке излеам од Мојт Дух. |
30. | И ке покажам знаци на небото и на земјата: крв, оган и столбови од дим. |
31. | Сонцето ке се преобрати во темнина, а месечината - во крв, пред да настапи денот Господен, великиот и страшниот. |
32. | Тогаш секој, што ке го призовува името Господово, ке се спаси; бидејки на гората Сион и во Ерусалим ке има спасение, како што вели Господ, а и по другите места, што ке ги повика Господ. |
← Joel (2/3) → |