Joel (1/3) → |
1. | Слово Господово до Јоила, синот Ватуилов. |
2. | Чујте го ова, старци, и внимавајте сите жители на оваа земја: се случувало ли ова во вашите денови или во деновите на вашите татковци? |
3. | Раскажувајте за него на децата ваши; а децата ваши нека им расакажуваат на нивните деца, и нивните деца - на следниот род; |
4. | се што остана од гасениците, го изедоа скакулците; а што остана од скакулците, го изедоа црвите; и што остана од црвите, го изедоа бубамарите. |
5. | Разбудете се пијаници, плачете и ридајте, вие сите што пиете вино, за сокот гроздов, зашто е одземен од устата ваша. |
6. | Зашто против земјата моја дојде народ силен и безброен; забите му се како заби на лав, а челустите како челуст на лавица. |
7. | Тој ми ја опустоши лозата, и смоквата ми ја откорна, ја обели до голо и ја фрли; гранките и останаа бели. |
8. | Плачи како што плаче млада жена, опашана со врекиште, за мажот од својата младост. |
9. | Се прекрати лебниот принос и преливот за него во домот Господен; плачат и свештениците, служителите Господови. |
10. | Опустошено е полето, тагува земјата, оти е уништено житото; се исуши гроздовиот сок, овенала маслината. |
11. | Црвенете се од срам, земјоделци, плачете лозари, за пченицата и за јачменот, оти нема веке жетва по нивите, |
12. | лозата се исуши, смоквата свена, нарот, палмата и јаболкницата - сите дрвја по полето се исушија; поради тоа и веселбата кај синовите човечки исчезна. |
13. | Препашете се со кострет, свештеници, и плачете; ридајте, служители на Светилиштето. Влезете и нокевајте, служители на мојот Бог, во кострет, зашто во Домот на вашиот Бог нема веке лебен принос и прелив. |
14. | Определете пост, објавете свечен собир, повикајте ги старците и сите жители од тој крај во домот на Господа, вашиот Бог - викајте кон Господа. |
15. | О каков ден! Оти денот Господен е близу; и ке дојде како запустување од Сесилниот. |
16. | Зар пред очите наши не се одзеде храната, и од домот на нашиот Бог - веселбата и радоста? |
17. | Изгниени се зрната во свите лушпи, запустени се житниците, урнати се амбарите, оти нема веке жито. |
18. | Ете, стенка добитокот, нажалени одат стадата волови, зашто нема за нив пасиште; се измачуваат и стадата овци. |
19. | Кон Тебе, Господи, викам, оти оган ги проголта сочните пасишта во пустињата, и пламен ги подгори дрвјата во полето. |
20. | Дури и животните во полето викаат кон Тебе, зашто секна водата по потоците, и оган ги изгори пасиштата во пустињата. |
Joel (1/3) → |