← Job (9/42) → |
1. | На тоа одговори Јов и рече: |
2. | "Навистина знам, дека е тоа така; но како ке се оправда човек пред Бога? |
3. | Ако сака да влезе во расправија со Него, нема да Му одговори ни на едно од иљада. |
4. | Он е мудар по срце и мокен по сила; кој станувал против Него и останувал во спокојство? |
5. | Он ги преместува планините, а тие тоа не го знаат: ги превртува во гневот Свој; |
6. | ја поместува земјата од местото нејзино, и столбовите и треперат; |
7. | ке му каже на сонцето, - и тоа не изгрева, и на sвездите им става печат. |
8. | Он Сам ги распнува небесата и оди по морската површина; |
9. | Он ги создал Мечката, Орионот и Плејадата и sвездите на јужното небо; |
10. | врши големи дела, неиспитливи и чудесни, и безбројни се Неговите чуда. |
11. | Ете, Он оди пред мене, и јас не можам да Го видам; Он минува, а јас не Го забележувам. |
12. | Земе ли нешто, кој ке Му забрани? Кој смее да Го праша: што правиш? |
13. | Бог нема да го отстрани гневот Свој; пред Него ке паднат приврзаниците на гордоста. |
14. | Ако ме услиши и ги оцени зборовите мои, |
15. | дури и да сум прав, нема да одговарам, туку Судијата мој за милост ке Го молам. |
16. | И кога на гласот мој би се одзвал, немаше да поверувам дека ги чул зборовите мои Оној, |
17. | Кој во виор ме поразува и без вина ги умножува раните мои; |
18. | не ми дава да здивнам, а со горчила ме исполнува. |
19. | Ако станува збор за сила, Он е најсилниот; кој ке се спротивстави на Неговиот суд? |
20. | Ако почнам да се оправдувам, самата уста ке ме обвини; ако сум невин, Он ке ме прогласи за виновен. |
21. | А дали сум невин, и јас самиот веке не знам, животот свој го презирам. |
22. | Сеедно е: затоа реков: дека Он го погубува и непорочниот и виновниот; |
23. | ако лукавите гинат со лута смрт, тогаш со невините се подбиваат. |
24. | Земјата е препуштена во рацете на нечестивите. Он им ги покрива очите на нејзините судии. Ако Он не е, тогаш Кој е? |
25. | Но дните мои беа побрзи од гласникот, - далеку побегнаа, не видоа никаде добро; |
26. | летаат како лесни летала, како орел, што се спушта врз плен. |
27. | Ако речам: "Kе ги заборавам тагите свои, ке го отстранам својот мрачен изглед и ке закрепнам," |
28. | од сите мои маки ужас ме опфака, зашто, знам дека нема да ме оправдаш. |
29. | Ако сум, пак, виновен, зошто тогаш залудо се измачувам? |
30. | Да се измиев со снежна вода и сосема да ги исчистев рацете свои, |
31. | и тогаш Ти ке ме турнеше во тиња, па ке се згнасеа од мене и алиштата мои. |
32. | Зашто Он не е човек, како што сум јас, та да можам да Му одговорам и да отидам заедно со Него на суд! |
33. | Ме у нас нема посредник, што би ја ставил раката своја ме у двајцата. |
34. | Нека го тргне Он од мене жезалот Свој, и стравот Негов да не ме застрашува, |
35. | тогаш ке зборувам и нема да се плашам од Него, бидејки вака не знам за себе. |
← Job (9/42) → |