← Job (8/42) → |
1. | Тогаш одговори Вилдад од Сува и рече: |
2. | "До кога ке говориш така? И зборовите од устата твоја се бурен ветар! |
3. | Зар Бог суди криво? Може ли Седржителот да ја изопачи правдата? |
4. | Ако твоите синови пред Него згрешиле, затоа и ги предал на нивното беззаконие. |
5. | Но ако со срце Го побараш Бога и Му се помолиш за милост на Вседржителот, |
6. | и ако си чист и праведен, Он уште сега ке ја услиши молитвата Твоја; и ке го обнови животот твој како на праведник. |
7. | И ако порано си имал малку, после ке имаш повеке. |
8. | Запрашај ги поранешните поколенија и вникни во мудроста на нивните татковци; |
9. | ние сме вчерашни и ништо не знаеме, нашите дни се како сенка на земјата. |
10. | Зар тие нема да те научат, зар тие нема од срцето свое да кажуваат зборови: |
11. | никнува ли шевар без влага? Расте ли трска без вода? |
12. | Додека е уште зелена и додека непресечена, таа се суши пред секоја трева. |
13. | Такви се патиштата на сите, што го забораваат Бога; така пропа а надежта на безбожникот; |
14. | надежта му е тенка нишка, вербата негова - мрежа пајакова. |
15. | Ако се потпре на куката своја, нема да устои; ке се фати ли за неа, нема да додржи. |
16. | Се зеленее тој, на сонцето вирее, неговите фиданки градината ја прекриваат, |
17. | во грамада од камења се вплетуваат корењата негови, живот црпи од живиот камен. |
18. | Но кога ке го искорнат од местото негово, тоа ке се откаже и ке рече: не сум те познавало! |
19. | Ете ја радоста на неговито пат! А од земјата никнуваат растенија други. |
20. | Не, Бог не ги отфрла непорочните и не ја поддржува раката на беззакониците. |
21. | Со смеа ке ја наполни устата твоја, и усните твои - со радосни извици. |
22. | Оние што те мразат, со срам ке се покријат, шаторот на нечесните ке исчезне." |
← Job (8/42) → |