← Job (7/42) → |
1. | Не ли е испит земниот живот за човекот? Дните негови не ли се како дни на наемник? |
2. | Како што слугата копнее за сенка, и како што наемникот го чека крајот на работата своја, |
3. | така и јас добив наследство суетни месеци; тажните ноки ми се избројани. |
4. | Легнувајки, си мислам: кога ли ке станам? А кога станувам се прашувам: како ке ја дочекам вечерта? Се измачувам од вечерта до утрото. |
5. | Телото ми е покриено со црви и прашливи наслаги; кожата ми се распукнува и гнои; |
6. | дните ми летаа побрзо од совалка и исчезнуваат без надеж. |
7. | Спомни си, дека животот мој е ветар, дека окото мое нема веке добро да види. |
8. | Нема да ме види окото на оној што ме видел; Твоите очи се на мене, - а мене ме нема, |
9. | како кога облак се проретчува и исчезнува, така слезениот во гроб нема да излезе; |
10. | нема повеке да се врати во куката своја; ни местото негово нема веке да го познае. |
11. | Затоа нема да ја воздржувам устата своја; ке говорам иако сум тажен во духот свој, ке се поплакувам во горчината на душата своја. |
12. | Зар сум море или морско чудовиште, та си поставил стража над мене? |
13. | Кога ке си помислам: "Моето легло ке ме утеши; мојата постела ке ја однесе тагата моја." |
14. | Ти ме плашиш со соништата и со привиденија ме ужасуваш; |
15. | Затоа душата моја сака повеке да се прекине дишењето, подобро смрт; смртта ми е помила од моите маки. |
16. | Ми омрзна животот: Нема вечно да живеам. Оддалечи се од мене, дните мои се само суета. |
17. | Што е човекот, та толку си го издигнал? И такво внимание му обрнуваш? |
18. | Зошто го посетуваш секое утро? Зошто го искушуваш секој миг? |
19. | Кога ке ме оставиш? Кога ке си одиш од мене? Кога ке ми дозволиш плунката своја јас да ја голтнам? |
20. | Ако сум згрешил, што да правам, о Чуваре над лу ето? Зошто го стави Својот знак на мене, па да сум Ти на товар? |
21. | Зар престапот мој не можеш да го поднесеш? Зар не можеш да го презреш беззаконието мое? Зашто, ете, уште малку ке мине и во прав ке легнам; утре ке ме побараш, а нема да ме има." |
← Job (7/42) → |