← Job (6/42) → |
1. | Одговори Јов и рече: |
2. | "О, да беа точно измерени маките мои, и заедно со нив да го бев ставил на терезија страдањето мое! |
3. | Тие навистина би биле потешки од морскиот песок! Затоа зборовите ми се жестоки. |
4. | Стрелите на Вседржителот се во моето тело; духот мој го пие отровот нивни; ужасите Божји се управија против мене. |
5. | Рика ли див осел при трева? Мука ли бик над крмата своја? |
6. | Се јаде ли блуткавото без сол и има ли вкус белката од јајцето? |
7. | До она до кое душата моја не сакаше да се допре, тоа ми е сега храна во болеста. |
8. | О, да се беше остварела желбата моја, и Бог да го исполнеше очекувањето мое! |
9. | О, да сакаше Бог да ме сотре, да ме млатнеше со раката Своја и да ме истребеше! |
10. | Тоа би ми била вистинска утеха, иако горам од мојата безмилосна болест, бидејки не се откажав од зборовите на Светиот. |
11. | Колку ми е силата, та да се надевам на себе самиот? И каков е крајот, та да го продолжувам животот мој? |
12. | Камена сила ли е силата моја? И од бакар ли е телото мое? |
13. | Има ли во мене помош за мене, има ли за мене некоја поткрепа? |
14. | Кој одбива милост кон ближниот свој - ако тој не престанал да се бои од Севишниот Бог. |
15. | Но моите брака ме напуштија, како безводни потоци и како бранови ме одминаа |
16. | Како снег и мраз што се топат од толина и не се познава што имало. |
17. | Во време сушно тие намалуваат, а во време на жеги исчезнуваат од местата свои. |
18. | Го менуваат правецот на патиштата свои, навлегуваат во пустињата и се губат; |
19. | погледнуваат кон нив патниците од Темна, им се надеваат на оние што одеа во Сева, |
20. | но остануваат посрамени во својата надеж: одат таму и црвенеат од срам. |
21. | Така сте и вие сега спрема мене: видовте страотија и се исплашивте. |
22. | Ви рекова ли: дајте ми, или подајте ми нешто од вашиот вишок; |
23. | избавете ме од раката душманска, откупете ме од раката на мачителите? |
24. | Научете ме, и јас ке замолчам, покажете ми во што сум згрешил. |
25. | Колку се силни искрените зборови! Но што кажуваат вашите прекори? |
26. | Мислите ли зборовите мои да ги изобличите? Во ветар ги фрлате зборовите ваши? |
27. | Го напа ате сиромавиот и му копате јама на пријателот свој. |
28. | Но, ве молам, погледнете ме: зборувам ли лага пред вашето лице? |
29. | Разгледајте по правда? - јас сум исправен. |
30. | Има ли во јазикот мој неправда? Зар грлото мое не може да го разликува лошото? |
← Job (6/42) → |