Job (5/42)  

1. Ајде викај! Има ли кој да ти одговори? Кон кого од светиите мислиш да му се обрнеш?
2. Вистина, гневот го убива глупавиот, раздразнетоста го погубува безумниот.
3. Видов како глупавиот се закоренува, но веднаш проклетството на домот негов падна.
4. Децата негови се далеку од спасение, нив ке ги бијат кај портите; зашто ке нема кој да ги заштити.
5. Жетвата негова ке ја изедат гладните, низ трњето ке ја извлечат; жедните ке го голтнат имотот негов.
6. Не, жалоста не излегува од земјата, нити злото изникнува од нивата;
7. човекот се ра а, за да страда, како и искрите - за да летаат угоре.
8. Но јас би се обрнал кон Бога и делото свое пред Бога би го поставил.
9. Он создава дела големи и неиспитливи, чудни и без број,
10. и дава дожд на земјата и им испрака вода на полињата;
11. понизените ги издигнува на високо, и натажените ги утешува и ги спасува.
12. Он го урива она што лукавите го градат, рацете нивни не го довршуват започнатото.
13. Он ги фака мудрите со нивното лукавство, и замислата на итрите се осуетува;
14. Среде бел ден запа аат во темнима; попладне одат со пипање, како ноке.
15. Он го спасува сиромавиот од меч, од устата нивна и од раката на силниот.
16. И за сиромавиот има надеж, а неправдата сама ја затвора устата своја.
17. Блажен е оној човек кого Бог го вразумува. Затоа не ја отфрлувај казната од Вседржителот,
18. зашто Он нанесува рани и Самиот ги преврзува; Он поразува, и Неговите раце лекуваат.
19. Од шест беди ке те избави и во седмата зло нема да те стигне.
20. Во време на глад ке те спаси од смрт, и во војна - од силата на мечот.
21. Од камшикот на јазикот ке се сокриеш, и нема да се уплашиш од опустошувањето - кога ке дојде.
22. На опустошувањето и на гладот ке им се потсмееш, од sверовите земни нема да се уплашиш, -
23. зашто си во сојуз со камењата полски, а полските sверови се во мир со тебе.
24. Kе дознаеш дека шаторот ти е во безопасност, ке си ја гледаш куката и нема да згрешиш.
25. Kе видиш, оти семето ти е многубројно, дека филизите твои се како трева на земјата.
26. Kе легнеш во гроб кога ке стигнеш до зрелост, како што се редат житните снопја.
27. Ете, тоа сме го испитале: вистината е жива; затоа чуј го сето ова и запомни го добро."

  Job (5/42)