← Job (41/42) → |
1. | Нема толку силен кој би се осмелил да Ме обеспокои; и кој може да опстане пред Моето лице? |
2. | Кој Ми дал нешто порано, та Јас да му вратам? Под целото небо се е Мое. |
3. | Нема да премолчам за деловите негови, за силата и нејзината убава сразмерност. |
4. | Кој може да ја одгрне горната облека негова, кој ке се приближи до двојните челусти негови? |
5. | Кој може да ја отвори вратата на лицето негово? Забите негови наоколу се ужас. |
6. | јаките штитови негови - великолепие; тие се зацврстени како со тврд печат; |
7. | еден до друг се допираат толку блиску, така што и воздух не минува ме у нив; |
8. | еден до друг стојат збиени, слепени се и не се размесуваат. |
9. | Кога кива, испушта светлина; очите му се како зраци на зората: |
10. | од устата негова излегуваат пламени јазици, излегуваат огнени искри; |
11. | од ноздрите негови излегува пара, како од зовриено грне или котел. |
12. | Здивот негов е разгорен јаглен, а од устата негова излегува пламен. |
13. | На вратот негов сила престојува, и пред него ужас трча. |
14. | Месестите делови на телото му се сплотени силно ме у себе, не мрдаат. |
15. | Срцето му е цврсто како камен, кораво како долен воденички камен. |
16. | Кога се подига, јунаци треперат, сосема се губат од ужас. |
17. | Кој меч ке се допре до него, не издржува; не издржува ни копје, ни кратко копје, ни оклоп. |
18. | Железото го смета за слама, бакарот - за гнило дрво. |
19. | Стрелата ни лакот нема да го подгони; камењата од пракката во плева се претвораат за него. |
20. | Боздоганот за него е како сламка; над пиштењето од стрелата тој се смее. |
21. | Под него има остри камења, и тој лежи врз остри камења во калта. |
22. | Он прави морската длабочина да врие како котел, морето го претвора во зовриена маст; |
23. | зад себе остава светла трага; бездната избледа како бело руно. |
24. | На земјата нема сличен на него: он е создаден бестрашен; |
25. | на се, што е високо, гледа смело; он е цар над сите синови на гордоста. |
← Job (41/42) → |