← Job (40/42) → |
1. | Му одговори Господ на Јова од луњата и му рече: |
2. | "Препаши ја како маж половината своја: Јас ке те прашувам, а ти објаснувај Ми. |
3. | Мојот суд ли сакаш да го собориш, да Ме обвиниш, а себеси да се оправдаш? |
4. | Таква ли е твојата мишка, како на Бога? И можеш ли како Него да згрмиш со гласот свој? |
5. | Тогаш украси се со величие и слава, облечи се во болскот и великолепие; |
6. | излеј ја јароста не гневот свој, погледај се што е гордо и смири го; |
7. | погледај ги сите поносни и понизи ги, сотри ги безбожниците на местата нивни; |
8. | закопај ги сите во земја и покри ги лицата нивни со темнина. |
9. | Тогаш и Јас ке признаам, дека твојата десница може да те спасува. |
10. | Ете слонот, што сум го создал, како и тебе; тој јаде трева како вол; |
11. | а силата негова е во бедрата негови, јачината негова е во бедрата негови, јачината негова - во мускулите е на стомакот негов; |
12. | ја размавтува опашката своја како кедар, а жилите на бедрата негови се како железни стапови; |
13. | нозете негови изгледаат како бакарни труби; коските негови - како железни прачки; |
14. | тоа е врвот на Божјите патишта: само Оној Кој го создал, може да го приближи мечот Свој до него; |
15. | горите негови му принесуваат храна, таму сите полски sверови играат; |
16. | тој си легнува под сенчести дрвја, ме у трски и во глиб; |
17. | сенчестите дрвја го покриваат со сенката своја; врби крај потоците го опкружуваат; |
18. | ете, тој ја задржува реката за да пие и не брза; си останува спокоен, дури и кога би посакал Јордан да потече кон устата негова. |
19. | Kе го фати ли некој јавно и ке му го продупчи ли носот негов со кука? |
20. | Можеш ли со јадица да излвлечеш слон и со врвца да го врзеш за јазикот? |
21. | Kе вовреш ли алка во ноздрите негови? Kе ја прободеш ли со шило челуста негова? |
22. | Kе ти се моли ли многу и ке ти говори ли кротко? |
23. | Kе направи ли договор со тебе, ке го земеш ли засекогаш како слуга свој? |
24. | Kе се забавуваш ли со него како со птичка, и ке го врзеш ли заради девојченцата свои? |
25. | Kе го продаваат ли другарите како лов, ке го делат ли ме у хананејските трговци? |
26. | Можеш ли да му ја продупчиш кожата негова со копје и главата негова со рибарска вила? |
27. | Стави ја на него раката своја и помни за борбата; оти во иднина не ке смееш." |
28. | "Ете, надежта е суетна. Нема ли да паднеш само од еден негов поглед? |
← Job (40/42) → |