← Job (4/42) → |
1. | Одговори Елифаз од Темна и рече: |
2. | "Ако се обидеме да ти проговориме, нема ли да ти биде тешко? Но кој може да се воздржи да не говори! |
3. | Ете, ти мнозина си советувал и си поткрепувал изнемоштени раце, |
4. | твоите зборови го исправале оној што па ал, си ги поткрепувал раслабените колена. |
5. | А сега злото дојде до тебе, и ти изнемоште; допре до тебе, и ти падна со духот. |
6. | Твојата богобојзаливост не треба ли да биде твоја надеж, и непорочноста на твоите патишта - твојата поткрепа? |
7. | Спомни си, загинал ли некој невин, и кога праведните биле искоренувани? |
8. | како што сум гледал: оние што ораат нечесност и сеат зло, тоа и го жнеат; |
9. | од здивот Божји загинуваат и од духот на гневот негов исчезнуваат. |
10. | Рикањето на лавот и гласот на оној што вика замолчува, а забите на лавчињата се кршат; |
11. | силниот лав загинува кога нема плен, лавчињата на лавицата се распрснуваат. |
12. | И, ете, до мене скришно долета збор, и увото мое долови нешто од него. |
13. | Среде размислувањата за нокните виденија, кога сонот ги обзема лу ето, |
14. | мене ме опфака страв и трепет и ги растресе сите мои коски. |
15. | И духот помина над мене; косата ми се крена. |
16. | Тој застана, - но јас не го видов лицето негово, - само облак беше пред очите мои; тивко веење, и чув глас: |
17. | "Зар човекот е поправеден од Бога? И почист ли и од својот Создател?" |
18. | Ете, Он и на слугите Свои не им верува и во ангелите Свои согледува недостатоци: |
19. | дотолку повеке кај оние, што живеат во земјатни куки, чии основи се од прав и кои пропа аат и од молец. |
20. | Ме у утрото и вечерта тие се растураат; нема ни да забележиш како исчезнале наполно. |
21. | не загинуваат ли со нив достоинствата нивни? Тие умираат иако не станале мудри. |
← Job (4/42) → |