← Job (39/42) → |
1. | Ти ли ловиш плен за лавицата и ги наситуваш лавчињата, |
2. | кога тие лежат во леглата или почиваат под сенка во заседа? |
3. | Кој и ја приготвува храната на враната кога пиленцата нејзини, скитајки без храна, викаат кон Бога? |
4. | Го знаеш ли времето, кога дивите кози ра аат по карпите, и си забележувал ли како ра аат срните? |
5. | Можеш ли да ги преброиш месеците на нивната бременост? И го знаеш ли времето кога ра аат? |
6. | Тие се превиткуваат, и ра ајки ги малечките свои, се ослободуваат од болките свои. |
7. | Породот нивни зајакнува, радост е во полето, си оди и не се врака при нив. |
8. | Кој го пуштил на слобода дивиот осел и кој му ги разврзал врските негови, |
9. | на кој сум му ја одредил пустињата за дом и соланите - за живеалиште. |
10. | Тој се потсмева на вревата во градот и не го слуша викањето на терачот, |
11. | си бара храна по горите и се впушта на секое зелено растение. |
12. | Kе сака ли еднорог да ти служи и ке нокева ли во твоите јасли? |
13. | Можеш ли да го врзеш со јаже еднорогот за браздата, и ке ја браносува ли по тебе нивата? |
14. | Kе се потпреш ли на него, бидејки силата му е голема и ке му ја оставиш ли нему твојата работа? |
15. | Kе му поверуваш ли, дека тој ке ги врати семињата твои и ке ги донесе на гумното твое? |
16. | Ти ли му даде убави пердуви на паунот и криља и мов на нојот? |
17. | Тој ги остави јајцата свои на земјата и ги топли на песокот, |
18. | и заборава, дека нога може да ги скрши или полска sверка да ги згази; |
19. | немилостив е спрема малечките свои, како да не се негови, и не се плаши, оти трудот негов ке биде залуден, |
20. | зашто Бог не му дал мудрост и не го надарил со разум; |
21. | а кога ке се извиши високо, му се потсмева на коњот и на јавачот негов. |
22. | Ти ли му даде сила на коњот и ти ли го украси вратот негов со грива? |
23. | Можеш ли да го исплашиш како скакулец? Треперењето на ноздрите негови е ужас; |
24. | ја рове со нога земјата и се радува на силата своја; оди спроти оружје; |
25. | се смее на опасноста и не се плаши и не се отстранува од меч. |
26. | Торба со стрели sвечка на грбот негов, болска копјето и топузот; |
27. | од немир и јарост голта земја и не може да стои при трубен звук; |
28. | штом ке засвири трубата, тој вришти и оддалеку ја претчувствува битката, громкиот глас на војводите и викот. |
29. | Поради твојата мудрост ли фрчи јастребот и ги насочува криљата свои кон југ? |
30. | По твојот збор ли се издига орелот и си вие гнездо на високо? |
31. | Тој живее на карпа и нокева на врв од стрмнината и на непристапни места; |
32. | оттаму ја здогледува храната: очите негови гледаат далеку; |
33. | и малечкте негови пијат крв; каде што има труп, таму е и тој." |
34. | Продолжи Господ и му рече на Јова: |
35. | "Кој се бори со Вседржителот, ке сака ли да поучува? Кој Го напа а Бога, нека Му одговори." |
36. | Му одговори Јов на Господа и рече: |
37. | "Еве, јас сум ништожен, што да Ти одговорам? Раката своја ја ставам на устата моја. |
38. | Еднаш говорев, - сега нема да одговарам; говорев дури двапати, но повеке не." |
← Job (39/42) → |