← Job (38/42) → |
1. | Кога Елијуј престана да говори, Господ му одговори на Јова од бурата и рече: |
2. | "Кој е тој, што замрачува Провидението со зборови без смисла? |
3. | Препаши ја сега половината своја како маж: Јас ке те прашувам, а ти објаснувај Ми: |
4. | каде беше ти кога ги поставував основите на земјата? - кажи, ако знаеш. |
5. | Кој и ги определи мерките? Знаеш ли: кој го оптегнува јажето околу неа? |
6. | Врз што се зацврстени основите нејзини? Кој и го положи аголниот камен, |
7. | кога ликуваа утринските sвезди, и кога сите Божји синови извикуваа од радост? |
8. | Кој го затвори морето со врата, кога тоа се истргна, та излезе како од утроба; |
9. | кога облаците ги направив негова облека и маглата - негова повивка; |
10. | кога му ја дадов мојата наредба и му наместив клучалки и врата; |
11. | кога му реков: ‘до тука ке дојдеш и нема да преминуваш, и тука е границата на твоите горди бранови? |
12. | Си му давал ли ти некогаш во животот свој заповед на утрото и си го посочувал ли на зората местото нејзино, |
13. | за да ги опфати краиштата на земјата и да ги истресе од неа безбожниците, |
14. | за да се измени земјата како глина под преса и да стане како разнобојна облека, |
15. | да се одземе од беззакониците светлината нивна и да се скрши издигнатата рака нивна? |
16. | Си слегувал ли во длабочината морска и си влегувал ли да ја испитуваш бездната? |
17. | Се отворале ли пред тебе вратите на смртта; си ја видел ли ти вратата на смртната сенка? |
18. | Си ја разгледал ли ширината на земјата? Кажи го, ако го знаеш сето тоа. |
19. | Каде е патот кон живеалиштето на светлината и каде е местото на темнината, |
20. | за да стигнеш до границите нејзини и да ги знаеш патеките до домот нејзин? |
21. | Ти го знаеш тоа, зошто тогаш беше веке роден; но бројот на дните твои е мошен голем. |
22. | Си влегувал ли ти во местата на снегот и си ги видел ли сокровиштата на градот, |
23. | што Јас ги чувам за смутно време, за денот на битка и војна? |
24. | По кој пат се разлева светлината и се разнесува источниот ветар по земјата? |
25. | Кој ги отвора потоците за изливање на водата и патот за грмоносните светкавици, |
26. | за да па а дожд врз земјата без лу е, врз пустињата, каде што нема човек; |
27. | за да ја заситува пустињата и степата и да ги разбудува зелените ‘ркулци да никнуваат? |
28. | Дождот има ли татко? Или кој ги ра а какпите на росата? |
29. | Од чија утроба излегува мразот; и кој ја ра а небеската слана? |
30. | Водите како камен да си зацврстуваат, и површината на бездната да замрзнува. |
31. | Можеш ли да го врзеш јазелот на Плејадата и да ги разврзеш врските на Орион? |
32. | Можеш ли да го изведуваш Соsвездието во времето негово и да ја водиш Вечерната sвезда? |
33. | Ги знаеш ли законите на небото, можеш ли да уредиш тоа да владее над земјата? |
34. | Можеш ли да го кренеш гласот свој до облаците, за да те покрие обилно водата? |
35. | Можеш ли да испракаш молњи, и да тргнат и да ти речат: ‘еве не?‘ |
36. | Кој вложи мудрост во срцето на човекот, и кој му даде смисла на разумот? |
37. | Кој може да ги преброи обалците со својата мудрост и да ги задржи садовите од небото, |
38. | кога правот се претвора во кал и грутките се слепуваат? |
← Job (38/42) → |