← Job (37/42) → |
1. | "И од тоа трепери срцето мое и се крева од местото свое. |
2. | Чујте, чујте го гласот Негов и громот, што излегува од устата Негова. |
3. | Под целото небо се разнесува грмежот Негов, и светкавицата Негова - до краиштата на земјата. |
4. | По Него гром се разгласува; грми Он со гласот на Своето величие и не го запира, кога гласот Негов ке се чуе. |
5. | Чудно грми Бог со гласот Свој, врши големи дела, за нас недостижни. |
6. | Зашто Он му вели на снегот: - па ај на земјата; и ситниот и крупниот дожд се во Негова власт. |
7. | Он става печат врз раката на секој човек, за да ги знаат сите лу е Неговите дела. |
8. | Тогаш sверот оди во прибежиштето и си останува на леглото свое. |
9. | Од југ доа а бура, од север - студ. |
10. | Од дувањето Божјо настанува лед: водената површина се собира. |
11. | Со влага ги полни облаците; а од облаците зрачи светлината Негова, |
12. | и тие се движат по целата земја според вољата Негова, за да го извршат она што им го заповедал Он. |
13. | Он им заповеда да отидат или за казна, или за благоволение, или за помилување. |
14. | Влушај се во ова, Јове; стој и гледај ги чудесните дела Божји. |
15. | Знаеш ли како Бог ги распоредува и како и заповеда на светлината да болска од Неговиот облак? |
16. | Ја разбираш ли рамнотежата на облаците, чудното дела на Најсовршениот во секое знаење? |
17. | Како се стоплува облката твоја кога ја успокојува земјата од југ? |
18. | Со Него ли го распна небото, кое стои така цврсто како излеано огледало? |
19. | Научи не што да Му кажеме. Во овој мрак не можеме ништо да распознаеме. |
20. | Kе му биде ли јавено што зборувам јас? Кажал ли некој, дека Нему Му се соопштува, што е зборувано? |
21. | Сега не се гледа болскавата светлина во облаците, но ке дувне ветер и ке ги расчисти. |
22. | Убавото време доа а од север, но во Бога убавината е преголема. |
23. | Вседржителе! Ние не го достигнуваме. Голем е по сила, по судот и по полнотата на правосудието, но Он никого не го угнетува. |
24. | Поради тоа нека се плашат пред Него лу ето и нека треперат пред Него сите мудри по срце!" |
← Job (37/42) → |