← Job (36/42) → |
1. | И пак продолжи Елијуј и рече: |
2. | "Стрпи се малку, ке ти покажам, зашто има уште нешто да кажам за Бога. |
3. | Kе го почнам зборот мој од далеку и ке ти покажам дека мојот Создател е справедлив, |
4. | навистина зборовите мои не се лага: пред тебе е оној, кој исправно мисли. |
5. | Ете, Бог е мокен, но никого не презира; силен е со крепкото срце Свое; |
6. | не ги поддржува безбожниците, а угнетените ги оправдува; |
7. | не ги отстранува очите Свои од праведниците, но заедно со царевите ги става засекогаш на престол; и тие се воздигаат. |
8. | Ако, пак, се оковани во вериги и се држат во оковите на невољата, |
9. | тогаш им ги напомнува делата нивни и беззаконијата нивни, бидејки се умножиле. |
10. | Го отвора увото нивно за вразумување, им вели да се оттргнат од беззаконието. |
11. | Ако послушаат и почнат да Му служат, ке ги поминат дните свои во добро и годините свои во радост; |
12. | Ако, пак, не послушаат, гинат од стрела и умираат во безумие. |
13. | Но лицемерните имаат во срцето свое гнев и не се обрнуваат кон Него, кога ги врзува во окови; |
14. | затоа душата нивна умира во млади години, и животот нивни згаснува со блудници. |
15. | Он го спасува страдалникот од маката негова и, кога е угнетен, му го отвора увото. |
16. | И тебе би те извел Он од теснината на широко, каде што нема угнетување; и трпезата твоја би била полна со мрс; |
17. | Ако си заслужил суд безбожнички, судот веке и осудувањето ке те снајдат. |
18. | Да не те порази Божјиот гнев со казна! Голем откуп нема да те избави. |
19. | Нека да гледа на Твоето богатство, ниту на златото, ниту на какво и да било сокровиште твое. |
20. | Не воздивнувај за онаа нок кога народите се истребуваат на местото свое. |
21. | Пази се, не подавај се на нечестието, што си претпочитал пред страдањето. |
22. | Бог е најголем со силата Своја; кој учител, како Него? |
23. | Кој Му Го одреди патот Негов? Кој може да Му каже: ‘постапуваш ли неправедно?‘ |
24. | Не заборавај да ги величаш делата Негови, кои лу ето ги гледаат. |
25. | Сите лу е можат да ги видат; човек може да ги види и оддалеку. |
26. | Ете, Бог е голем, и ние не можеме да Го познаеме; бројот на годините Негови е неиспитан. |
27. | Он ги стега водните капки; тие лијат дожд врз лу ето. |
28. | капат од облаците и се изливаат изобилно врз лу ето. |
29. | И кој може да го разбере ширењето на облаците, трескотот во шаторот Негов? |
30. | Ете, Он ја распростира врз нив светлината своја и го покрива морското дно. |
31. | Оттаму Он ги суди народите, дава храна во изобилие. |
32. | Он крие во дланките Свои молња и и заповеда кого да удри. |
33. | Грмењето дава знак да се знае за неа; и добитокот чувствува што станува." |
← Job (36/42) → |