← Job (35/42) → |
1. | Продолжи пак Елијуј и рече: |
2. | "Мислиме ли дека е право тоа што рече: ‘мојата правда е поголема од Божјата?‘ |
3. | Ти рече: ‘каква полза за мене и каква корист ке имам, ако не грешам?‘ |
4. | Јас Kе ти одговорам и на тебе и на твоите пријатели: |
5. | Погледај кон небото и види; загледај се во облаците - тие се повисоки од тебе. |
6. | Ако грешиш, што ке Му направиш Нему? И ако товите престапи се умножуваат, што Му причинуваш Нему? |
7. | Ако си праведен, што Му даваш? Или што ке добие од раката твоја? |
8. | Твоајта нечесност може да му направи лошо на човекот како тебе; а твојата праведност може да му помогне на синот човечки. |
9. | Он многу насилници офкаат угнетените и од рацете на силните пиштат; |
10. | но никој не вели: ‘каде е Бог, мојот Создател, Кој дава песни ноке, |
11. | Кој не прави поразумни од земниот добиток и помудри од птиците небески?‘ |
12. | Таму тие пиштат, поради гордоста на лошите лу е, но Он не ги услишува. |
13. | Бог не ги слуша гордите, и Вседржителот не гледа на нив. |
14. | Макар и да велиш дека не Го гледаш, но судот е пред Него, и - очекувај го. |
15. | А сега, бидејки гневот Негов те посети, а тоа не е ништо и Он не те испита со сета строгост, |
16. | затоа, Јов, лесномислено ја отвора устата своја и без размислување, неразумно говори." |
← Job (35/42) → |