← Job (34/42) → |
1. | Продолжи Елијуј и рече: |
2. | "Ислушајте го, мудри, зборот мој, и прикоонете го увото кон мене, разумни! |
3. | Зашто увото ги разбира зборовите, како што непцата го разликуваат вкусот на храната. |
4. | Да расудиме ме у себеси што е право и да познаеме што е добро. |
5. | Ете, Јов рече: ‘јас сум прав, но Бог ја отфрли мојата правда. |
6. | Треба ли да лажам против својата правда? Раната ми е неизлечива - рана без вина.‘ |
7. | Има ли човек како Јова, којшто ги пие подигравките како вода, |
8. | кој другарува со оние што вршат беззаконие и оди со безбожни лу е? |
9. | Зашто тој беше рекол: - нема полза за човека да му угодува на Бога. - |
10. | И така, чујте ме, лу е разумни! Не може да има кај Бога зло или кај Вседржителот неправда. |
11. | Он постапува со човекот според делата негови и му помага да го најде патот свој. |
12. | Навистина, Бог не прави зло и Вседржителот не суди криво. |
13. | Кој, освен Него, размислува за земјата? И кој управува со вселената? |
14. | Ако Он го свртеше срцето Свое кон Себе и го земеше при Себе нејзиниот дух и нејзиното дишење, - |
15. | за миг ке загинеше секоја плот и човекот ке се вратеше во правот. |
16. | И така, ако имаш разум, чуј го ова и внимавај на зборовите мои. |
17. | Кој ја мрази правдата, може ли да господари? И можеш ли ти да Го обвинуваш Сеправедниот? |
18. | Може ли да му се каже на царот: ‘ти си никаквец‘, и на кнезовите: ‘вие сте беззаконици?‘ |
19. | Но Бог не гледа и на лицата на кнезовите и не цени богат пред сиромав, зашто сите тие се дело на раката Негова. |
20. | Тие умираат ненадејно, и среде нок народот ке се вознемири и ке исчезне; |
21. | зашто неговите очи се над патиштата на човекот; Он ги гледа сите чекори негови. |
22. | Нема темнина, ниту смртна сенка, каде што би можеле да се сокријат оние што вршат беззаконие. |
23. | Никому не му го одложува времето кога ке му дојде да се суди со него. |
24. | Он ги уништува силните без испитување и поставува други на нивните места, |
25. | зашто Он ги знае нивните дела; кога настане нок - веке ги нема. |
26. | Ги поразува како беззаконици пред очите на другите, |
27. | поради тоа што отстапиле од Него и не ги разбрале Неговите патишта, |
28. | така што дојде до Него повикот од сиромасите, го слушна офкањето на угнетените. |
29. | Ако даде Он мир, кој може да вознемири? Ако го сокрие лицето Свое, кој може да Го види? А тоа бива за сиот народ и за еден човек, |
30. | за да не царува лицемерниот над народот и да нема стапица за народот. |
31. | На Бога треба да Му се каже: "Претрпев, нема повеке да грешам. |
32. | А она што јас не знам научи ме; ако сум направи беззаконие, нема повеке да правам." |
33. | Според твоето ли разбирање Он треба да плака? И бидејки ти отфрлуваш, на тебе останува да избираш, а не на мене; зборувај се што знаеш. |
34. | Умните лу е ке го кажат истото; мудрите ке се согласат со мене, |
35. | дека Јов умно не зборува и дека зборовите негови не се разумни. |
36. | Би сакал јас Јов наполно да биде испитан, според одговорите негови, зашто одговара како лоши лу е. |
37. | Инаку, кон гревот свој додава уште и беззаконие, плеска со рацете ме у нас и уште повеке ке говори против Бога." |
← Job (34/42) → |