← Job (33/42) → |
1. | "И така, слушај ги Јове, зборовите мои и внимавај на сите мои зборови. |
2. | Еве, ја отварам устата своја, јазикот ми говори во устата моја. |
3. | Зборовите мои се искрени од срцето мое, и устата моја ке искаже чиста вистина. |
4. | Духот Божји ме создал, и здивот на Вседржителот ми дал живот. |
5. | Ако можеш, одговори ми и застани спроти мене. |
6. | Еве ме мене, според твојата желба, место Бога. И јас сум направен од кал; |
7. | поради тоа стравот пред мене не може да те збуни, и раката моја нема да биде тешка за тебе. |
8. | Ти рече пред мене, и јас го чув гласот на твоите зборови: |
9. | ‘Чист сум, без порок, невин сум; во мене нема неправда; |
10. | А Он најде обвинение против мене и ме смета за Свој противник; |
11. | нозете ми ги стави на клада, ги надгледува сите мои патишта.‘ |
12. | Ете, во тоа ти не си прав, ти одговарам; човекот со Бога не може да се мери. |
13. | Зошто ти е да се бориш против Него? Он не дава сметка за Своите дела. |
14. | Бог говори еднаш и двапати, но лу ето не внимаваат: |
15. | на сон, во нокно видение, кога сонот ги соборува лу ето, во време, кога спијат на своето легло, |
16. | тогаш Он му отвора на човекот увото и го запечатува Своето кажување. |
17. | за да го одвлече човекот од лошо дело, и да ја отстрани гордоста од него. |
18. | за да ја запази душата негова од бездна, и животот негов од пораз со меч. |
19. | Или, пак, го вразумува со болест на постелата негова, и со лута болка во сите коски негови, - |
20. | така што животот негов да се гади од лебот, душата негова од обичната храна. |
21. | Телото негово исчезнува; коските негови се подаваат, кои пред тоа не се гледале. |
22. | Душата негова се приближува кон гробот, а животот негов - до смртта. |
23. | Ако има кај него Ангел пазител, еден од иљада, за да му го покажува правиот пат, - |
24. | Бог би се смилувал над него и би рекол: ‘Ослободи го од гробот; јас најдов откуп.‘ |
25. | Тогаш телото негово ке се подмлади повеке, отколку во млади години; и тој ке се врати во дните на младите свои години. |
26. | Kе Му се моли на Бога, и Он ке биде милостив спрема него; со радост ке го погледнува лицето негово и ке му ја врака праведноста негова. |
27. | Тој ке ги гледа лу ето и ке вели: ‘сум грешел и сум ја обвинувал правдата, и не ми се помогна; |
28. | Бог ја ослободи душата моја од гроб; животот мој гледа светлина.‘ |
29. | Ете, сето тоа Бог му го врши два до трипати на човекот, |
30. | за да ја изведе душата негова од бездната и да го просвети со светлината на живите. |
31. | Внимавај, Јова, слушај ме, молчи, јас ке зборувам. |
32. | Ако имаш нешто да кажеш, одговарај; говори, зашто би сакал да те оправдам; |
33. | ако, пак, не тогаш слушај ме: молчи и јас ке те научам на мудрост." |
← Job (33/42) → |