Job (32/42)  

1. Кога тие тројца мажи престанаа да му одговараат на Јова, бидејки пред очите нивни беше прав.
2. Се разгори гневот на Елијуја, сен Варахиилов, од Вуз, од Рамовиот род; се разгоре гневот негов против Јова, поради тоа што тој се правеше поправеден од Бога;
3. а против тројцата негови пријатели се разгоре гневот негов затоа што тие не знаеја, што да одговорат, а пак го обвинуваа Јова.
4. Елијуј чекаше додека тие говореа со Јова, зашто по години беа постари од него.
5. А кога Елијуј виде оти нема одговор во устата на тројцата мажи, гневот негов се разгоре.
6. И одговори Елијуј, син Варахиилов, од Вуз, и рече: "Јас сум млад по години, а вие сте старци; затоа јас се плашев и не се осмелував да ви го кажам моето мислење.
7. Јас си велев: нека говорат дните и многулетието нека поучува во мудрост.
8. Но има дух во човекот, и духот на Седржителот го вразумува.
9. Не само многулетните се мудри, ниту само старците знаат што е право.
10. Затоа велам: ислушајте ме, ке ви го кажам и јас моето мислење.
11. Ете, чекав вие да се искажете, го слушав вашето расудување, додека вие говоревте.
12. Внимателно ве следев, и никој од вас не го изобличи Јова и не одговори на зборовите негови.
13. Немојте да речете: ‘ние наидовме на мудрост: Бог ке го убеди, а човекот не може.‘
14. Ако тој ги упатуваше зборовите свои кон мене, јас ке му одговорев не со вашите зборови.
15. Се исплашија повеке не говорат; се збунија, престанаа да зборуваат.
16. Чекав, а тие пак не говореа, престанаа и повеке не зборуваа.
17. Јас ке говорам за се, јас ке го кажам мислењето свое.
18. Затоа што сум полн со зборови, и духот ме притиска одвнатре.
19. Ете, утробата моја, како затворено вино: готова е да прсне како нови мевови.
20. Kе позборувам, за да ми се олесни; ке си ја отворам устата и ке одговорам.
21. Нема да гледам кој е кој и на никого нема да му ласкам,
22. зашто не умеам да ласкам: за миг Создателот мој би ме зел."

  Job (32/42)