← Job (31/42) → |
1. | "Завет направив со очите свои, за да не погледнам на девица. |
2. | Но каков дел би имал од Бога одозгора? И какво наследство ми испратил Седржителот од небесата? |
3. | Не ли е за нечесниот погибелта? Нели е за безбожникот пропаста? |
4. | Не ги виде ли Он патиштата мои и не ги брои ли сите мои чекори? |
5. | Ако одев во суета, и ако ногата моја брзаше кон лукавство, - |
6. | нека ме измерат со мерката на правдата, и Бог ке ја дознае мојата непорочност. |
7. | Ако стапките мои се отстранувале од патот, ако срцето мое ги следело очите мои, и ако нешто нечисто се залепило за рацете мои, |
8. | јас нека сејам, а друг да јаде, и потомците мои искоренети да бидат. |
9. | Ако срцето мое се занесувало од жена и ако сум демнел крај вратата на ближниот свој, |
10. | жената моја нека му меле на друг, и друг нека се подигрува со неа, |
11. | зашто тоа е престап, тоа е беззаконие, кое подлежи на суд; |
12. | тоа е оган, што гори до истребување, што би го уништил целиот мој имот. |
13. | Ако не водев грижа за правата на слугата и на слугинката, кога имаа спор со мене, |
14. | што ке правев, ако се кренеше Бог? И ако ме испитуваше, што ке можев да Му одговорам? |
15. | Нели Он, Кој ме создал мене во утробата, го создал и него и еднакво не обликувал во утробата? |
16. | Сум ја откажал ли молбата на оној што имал потеба, и сум ги просолзувал ли очите на вдовица? |
17. | Сам ли го јадев залакот свој, нели јадеше и сиракот од него? |
18. | Зашто од детството растел тој со мене како со татко, и од утробата на мајката негова сум го раководел јас. |
19. | Ако видев некој дека загинува без облека и сиромав без покрив, - |
20. | бедрате негови нели ме благословуваа и тој не ли биваше стопле со волната од овците мои? |
21. | Ако сум кренал рака врз сирак, кога ке видев, дека имам потпора пред портите, |
22. | рамото мое нека се оддели од грбот и раката моја нека се откине од лактот, |
23. | зашто казната од Бога е страшна за мене: пред Неговото величие јас не би можел да опстанам. |
24. | Сум го земал ли златото за моја потпора и сум велел ли на ризницата: ‘ти си моја надеж‘? |
25. | Сум се радувал ли дека богатството ми беше големо и дека раката моја спечалила многу? |
26. | Гледајки го сонцето, како свети, и месечината, како величествено оди, |
27. | се занесував ли во длабочините на срцето свое и ја бакнував ли со уста раката своја? |
28. | Тоа ке беше исто така престап за суд, зашто тогаш би се откажал од Бога Севишниот. |
29. | Се радував ли за невољата на непријателот мој и се веселев ли кога го снао аше зло? |
30. | Не и дозволував на устата моја да греши со проколнување на душата негова. |
31. | Не велеа ли лу ето од мојот шатор: ‘О, кој не се наситувал од неговите месни гозби?‘ |
32. | Ту инец не нокеваше не улица; вратата своја ја отварав на патникот. |
33. | Да ги криев грешките свои пред лу ето и ако ги таев во градите своите престапи, |
34. | ке се плашев од големото мноштво, и од најмалиот во домот мој ке имав страв, па затоа молчев и не излегува надвор од вратата. |
35. | О, да имаше кој да ме ислуша! Еве ја мојата желба: Вседржителот да ми одговори, а заштитникот мој да состави запис за тоа; |
36. | ке го носев на рамениците мои и ке се украсував со него како со венец; |
37. | ке му го соопштев бројот на чекорите свои, ке се приближев до него како кнез. |
38. | Ако нивите мои викаа против мене, ако браздите нивни се поплакуваа од мене, |
39. | ако сум им ги јадел плодовите нивни бесплатно и сум ја измачувал душата на земјоделците, |
40. | тогаш место жито нека расте трње и место јачмен - какол." Зборовите Јовови свршија. |
← Job (31/42) → |