← Job (30/42) → |
1. | "А сега ми се потсмевнуваат помладите од мене, оние, чии татковци не би се согласил да ги ставам со кучињата на стадата свои. |
2. | И за што ми е силата на нивните раце? Над нив помина веке времето. |
3. | Истоштени од сиромаштија и глад, тие бегаа во рамнина безводна, темна и запустена; |
4. | Береа лобода кај дабовите дрвја, и смрекови корења им беа храна. |
5. | Ги гонеа лу ето и викаа по нив како по крадци. |
6. | Живееја во поточни долови, земни дупки и пештери. |
7. | Викаа ме у грмушките, се вовираа под трњето. |
8. | Лу е отфрлени, лу е безимени; подолни од земјата. |
9. | Ете, ним им станав јас сега песна и приказ за разговорот нивни. |
10. | Тие се гадат од мене, ме одбегнуваат и не се воздржуваат дури и да плукаат на мене. |
11. | Затоа што Бог ми ја одврза торбата за стрели и ме сотре; тие ја симнаа од себеси уздата пред лицето мое. |
12. | Оддесно се крева тој изрод, со нозете свои ми го стеснија патот за да ме погубат. |
13. | А мојот пат го разрушија; ги умножија моите маки; не ми е потребен помошник. |
14. | Доа аат кај мене како низ широк пролом; шумно се нафрлуваат врз мене. |
15. | Ужасно ме сполетаа; како ветар се расеа моето величие, и доброто мое одмина како облак. |
16. | Сега душата ми се топи во мене; мачни денови ме налегнаа. |
17. | Ноке ме вртат коските мои, жилите ми немаат мир. |
18. | Со голема мака се соблекува од мене облеката моја; јаката на мојот хитон ме задавува. |
19. | Он ме фрли во калта; станав како прав и пепел. |
20. | Викам кон Тебе, и Ти не ме слушаш, - стојам, а Ти само ме гледаш. |
21. | Ти стана жесток спрема мене, со силна рака ме поарзуваш. |
22. | Ти ме крена и ме натера да се носам по ветар и ме сотираш. |
23. | Знам, дека Ти ке ме дотераш до смрт, во домот каде што се собираат сите живи. |
24. | Вистина, Он нема да пружи рака врз домот на коските; ке викаат ли тие, кога ке бидат уништувани? |
25. | Зар не сум плачел за оној што беше во зло, дури чекав светлина, дојде темнина. |
26. | Додека го чекав доброто, дојде злото дури чекав светлина, дојде темнина. |
27. | Утробата моја врие без престан и не се смирува; мачни денови ми наидоа. |
28. | Одам поцрнет, но не од сонце; станувам во собранието и викам. |
29. | Станав брат на шакалите и пријател на нојевите. |
30. | Кожата ми поцрне на мене, а коските ми се исушија од горештина. |
31. | И гуслето ми стана тага, и свирките мои - глас плачевен." |
← Job (30/42) → |