← Job (3/42) → |
1. | Па почна Јов и рече: |
2. | Нека е проклет денот, во кој се родив, и нокта во која рекоа: - се роди дете! |
3. | Тој ден нека биде темнина; да не го побараше Бог одозгора и да не изгрееше над него светлина! |
4. | Да го затемнеше темнина и смртна сенка, црн облак да го покриеше, за да се плашат од него, како од врел сончев изгор! |
5. | Таа нок, - темнина да ја опфати, да не се смета ме у дните на годината, да не влезе во бројот на месеците! |
6. | Потоа ја отвори Јов устата своја и го проколна својот ден. |
7. | О, таа нок! Без лу е да беше; веселба да не влезеше во неа! |
8. | Нека ја проколнат оние, што го колнат денот, кои се способни да го разбудат левијатанот! |
9. | Нека потемнат sвездите во самракот; да ја чекаше светлината и таа да не дојдеше за да не ги види трепките на зората; |
10. | зашто не ги затвори дверите на мајчината ми утроба и не ја сокри тагата од очите мои! |
11. | Зошто не без умрел кога сум се ра ал, и не бев издивнал - кога сум излегувал од утробата? |
12. | Зошто ме прифатија на колена? Што ми требаше да цицам гради? |
13. | И сега ке лежев и ке почивав; ке спиев; и ке ми беше спокојно |
14. | заедно со царевите и земни советници, кои градеа пустињи за себеси, |
15. | или со кнезови, што имаа злато и кои ги полнеа домовите со сребро; |
16. | или, како пометниче закопано, немаше да ме има, како младенците што не виделе светлина. |
17. | Таму беззакониците престануваат да задаваат страв, таму почиваат изнемоштените. |
18. | Таму затворениците заедно се насладуваат од спокојство и не ги слушаат викотниците на надзирателот. |
19. | Мал и голем таму се рамни; робот е слободен од господарот свој. |
20. | Зошто на бедниците им е дадена светлина, и живот - на душевно огорчените, |
21. | кои ја очекуваат смртта, а ја нема, што ја бараат повеке отколку закопана драгоценост, |
22. | би се радувале до восхит, би се восхитиле, зашто нашле гроб? |
23. | Зашто му е дадена светлина на човекот, чиј пат е сокриен и кого Бог со мрак го опкружил? |
24. | Воздишките мои го испреваруваат лебот мој, офкањата мои течат како вода, |
25. | зашто страшното, од што се ужасував, тоа ме снајде; од што се плашев, тоа ме сполета. |
26. | Нема за мене мир, нема спокојство, нема утеха; настапи зло." |
← Job (3/42) → |